19 Мај, 2024
0.0263

Проект Лидер 2015: Успешни професионалци ќе обучуваат бизнис менаџери и претпримачи

Објавено во: Економија, Мои пари 04 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Денес официјално беше означен стартот на десетдневната програма за бизнис образование наречена ЛИДЕР Проект 2015. Оваа програма ја организира Македонија2025 во соработка со познатото Школо за бизнис Ричард Ајви при Универзитетот од Западно Онтарио од Канада.

Од таму допатуваа 5 инструктори, успешни професионалци, со богато меѓународно искуство и амбиција за пренесување на лидерски вештини на различни професионалци ширум светот. ЛИДЕР проектот се одржува во Скопје по осми пат. Според досегашните впечатоци, програмата има исклучително позитивно влијание на поранешните учесници. Благодарение на овој тренинг подобриле многу аспекти од работењето на нивните компании и осознале нови методи и модели за работа.

Четириесет најдобро квалификувани учесници со најјасна перспектива во поглед на своите бизнис идеи и професионални амбиции ќе имаат можност за усовршување на своите бизнис и претприемнички вештини по теркот на познатите методи на ова Школо за Бизнис. Предавањата ќе бидат дополнети со пренесување на искуства од индустријата од страна на успешни лидери како Мајк Зафировски, кој е коосновач на Македонија 2025.

„И на ова издание на ЛИДЕР ја продолжуваме традицијата на посветено пренесување знаење и вештини, а целта на сето тоа е да се унапреди компетитивноста на домашната економија, што е впрочем еден од нашите мандати за развој“, објаснува Билјана Марковиќ од Македонија2025 која денес официјално ја отвори програмата.

Наставата е градена според МБА програмот на школото Ричард Ајви и вклучува пренесување на широк распон на знаења како практично истражување на случаи, испитување на иновации, изводливост на бизнис план, усовршување на стратегија, работа во групи, презентирање на наоди, презентирање на финален бизнис план и многу повеќе.

Оваа година имаме 40 учесници со различни професионални профили чии бизнис идеи и  амбиции укажуваат на тоа дека во Македонија постои иновативност и тенденција за водење на бизнисите според светските критериуми“ , изјави Јорданка Кацарска, Програмски Менаџер во Македонија2025.

 DAD_1332 1

Стив Шарп, Претседател и Извршен директор на Euromax Resources, исто така се обрати на отварањето на ЛИДЕР проектот во Скопје. Тој ги поттикна учесниците да ја „зграпчат можноста што им ја овозможуваат светски лидери во образованието и да го отворат умот за знаењето што ќе биде понудено“.

DAD_1409

Верувам дека овој проект е од огромно значење за учесниците. За прв пат сум во Скопје но Лидер проектот во Македонија се одржува веќе со години наназад и овој сајт е секоја година прогласуван за најдобар. Разновдноста на профилите на кандидатите ќе придонесе да се развијат конструктивни дискусии и со тоа нема само ние да го пренесеме своето знаење, туку ќе научиме многу и од самите учесници “, изјави за Фактор Сапна Мехта, Инструктор од Ричард Ајви и Лидер на тимот во Македонија

 Џон Лазароу, инженер и магистар на истото училиште со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор и во компании како Голдман Сакс вели дека најважното нешто за учесниците кои аплицираат е да бидат континуирано заинтересирани и мотивирани. Г. Лазару смета дека е важно учесниците да се дел од вакви програми и од кои може да се стекне глобално искуство.

dzon lazarou

По денешното стартување на обуката, учесниците се претставија и искажаа задоволство што се дел од овој проект. Најмладиот учесник Здравко Луковски штотуку дипломиран економист вели не би сакал да работи традиционална работа и себеси се гледа како иден претприемач. Сака да основа своја компанија која ќе работи интернационално, која би нудела комплетни веб решенија, создавање на интерактивни веб страни, социјални медиуми итн. Потребно му е повеќе практично искуство за разлика од формалниот комуникациски систем кој се темели само на теорија и многу малку практика и затоа решил да се пријави за оваа обука.

Здравко смета дека ова е добра шанса да се искористи идејата на тие луѓе кои  што можеби во иднина ќе инвестираат во него и во неговата идеја. Од знаењата кои ќе ги научи од инструкторите на Лидер проектот, очекува пред се да ја зајкне својата самодовреба при носењето на одлуки, сака да научи практични вештини.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?