19 Мај, 2024
0.0266

Проблематичната Грција повторно на европскиот дневен ред

Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Кворумот на водечките европски финансиски технократи се собра минатата недела, за да направи болна проценка за статусот на грчкиот долг.

Средбата помина со познато сценарио: кредиторите на Грција се пожалија дека земјата допрва треба да ги обезбеди бараните податоци. Грците од своја страна го протестираа ова тврдење, објаснувајќи дека ги испратиле информациите претходниот ден.

Грција повторно е на дневен ред, но не на начин кој се сакаше во Европа, пишува Politico.eu.

Шест месец по добивањето на третиот спасувачки пакет, Грција повторно отстапува од курсот, создавајќи проблеми меѓу кредиторите дека Атина се враќа на тактиката да нуди, но да не извршува - тактика, која ја доведе до сегашната состојба.

Истовремено ситуацијата се развива и е парализирана од протестите страна против преземените реформи и намалување на државните трошоци.

Протестите доведоа и до блокади на границите на Грција со соседите.

Во моментот на дневен ред е оценувањето на напредокот на грчките реформи. Земјата има потреба од добри резултати, за да може да добие ја последователната исплата како дел од најновиот спасувачки план кој може да стигне 86 милијарди евра. Според доверителите доцнењето на потребната информација, е често при претходните прегледи, и е малку повеќе од проѕирна тактика, со цел да се забави и комплицира процесот.

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос во понеделникот изјави дека очекува оценката, првично закажана за есента, да биде завршена за неколку недели.

Но доверителите кои ги вклучуваат останатите земји членки на еврозоната, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ), воопшто не се блиску до завршување на прегледот.

Тие исто така се загрижени дека премиерот на Грција Алексис Ципрас се подготвува за нова долготрајна конфронтација по условите на спасувачкиот пакет покрај зголемениот притисок против неговиот лево ориентиран кабинет да ги отфрли кратењата на државните трошоци.

Следното големо плаќање долгот на нашиот јужен сосед е на 20 јули.

Оценката предводена од експерти од европските институции и ММФ, треба да е завршена доста пред овој момент, за да може парите да бидат дадени на Грција навреме.

Ако оценката е подготвена во мај или јуни, имаме сериозен проблем, изјави Цакалотос пред парламентот во понеделникот.

Една од причините за брзањето е Меѓународниот монетарен фонд. Макар и да се вклучуваше во претходните спасувачки програми, овој пат од Фондот велат дека ќе се вклучи во програмата за Грција само ако е убеден дека нивото на долг на земјата е одржливо. А оваа пресметка може да се направи кога прегледот по третата спасувачка програма ќе биде подготвен.

Грција би сакала ММФ да не учествува.

Атина го обвинува седиштето во Вашингтон на меѓународна организација за наметнување на сурови мерки за грчката економија, кои според Атина повеќе се штетни отколку олеснителни. Германија сепак инсистираше за учество на ММФ во спасувачката програма.

Ако германската канцеларка Ангела Меркел попуштеше по оваа точка, тоа ќе беше многу тешко да се убеди Бундестагот да се вклучи во идни плаќања.

Алексис Ципрас се сретна со Ангела Меркел во Лондон минатата недела и ќе се сретне со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз следната недела пред европската средба на врвот, за да се обиде да се справи со ќор-сокакот.

Победничката карта на Ципрас може да биде бегалската криза. Берлин е очаен во обид да се намали миграциониот прилив од Турција и вршат притисок на Атина да направи повеќе за справување со кризата преку регистрирање на бегалците и патролирање долж границата со Турција. Некои европски службеници шпекулираат дека Ципрас може да побара попустливост при прегледот на напредокот на Грција како услов за соработка за справување со бегалците.

Грчката влада ги отфрла тврдењата дека е одговорна за доцнењето за завршување на проценката. Атина ја обвинува Германија и другите северноевропски партнери дека имаат нереални барања со надеж да ја соборат владата.

Меѓутоа, јасно е дека Грција има допрва да изврши клучни мерки од спасителниот договор кој беше склучен во јули минатата година. Според договорот земјата требаше да создаде фонд за приватизација за 50 милијарди евра за да плати обврските. Овој потег, опфаќа продажба на државна сопственост, има потреба од сложени законски измени, за да може да влезе во сила.

Фондот е особено важен за Германија и Франција, кои ја поставија приватизацијата како услов за склучување на договорот за време на долгите преговори во текот на летото на 2015 година .

Кредиторите исто така се жалат дека Атина има постигнато мал напредок во ветената административна реформа, која има за цел реформирање на бирократијата.

Најголемиот предизвик за Атина остануваат пензиските реформи. Доверителите сакаат да се намалат тековните пензии. Според нивните зборови тие се потребни за да може грчкиот долг да легне на одржлива основа.

Грција троши околу 15% од БДП за пензии, што е речиси двојно од исплатите кај другите развиени економии. Дефицитите во последните години поставија огромен товар на владиниот буџет.

Досега Ципрас одбиваше да ги намали пензиите, нудејќи наместо тоа да ги зголеми пензиските придонеси за идните пензионери. Пензионерите се основни гласачи на партијата на Ципрас - Сириза, и премиерот не може да си дозволи да ја изгуби нивната поддршка. Тој исто така вели дека многу грчки семејства во моментов опстануваат од една пензија и понатамошни кратења ќе доведат до зголемување на сиромаштијата во земјата.

Зголемувањето на пензиските придонеси сепак е не помалку спорно. Економистите предупредуваат дека зголемените рати, еднакви на зголемување на даноците, може да и наштетат на кревката грчка економија.

Истовремено Грците повторно се на улица во последните недели, протестирајќи против предложената пензиска реформа. Од неа најтешко погодени ќе бидат самовработените, вклучувајќи многу лекари, адвокати и други професионалци, како и земјоделците.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс