20 Мај, 2024
0.0258

Претставници на цивилното општество од Западниот Балкан изнесоа барања до европските лидери

Објавено во: Мои пари 27 Август, 2015

Добивај вести на Viber

  • Цивилното општество на западниот Балкан по прв пат станува партнер во дијалогот со политичките лидери од земјите во регионот и членките на Европската унија
  • Од владите на државите од западниот Балкан се очекува да го прифатат цивилното општество како рамноправен партнер во процесот на европски интеграции

Претставници на цивилното општество кои учествуваа во дебатата се: Ардиан Хачкај, директор на Štetiveb платформата за јавни политики на Институтот за соработка и развој од Албанија, Мелиха Бајрамовиќ, координаторка на Пленумот на граѓани на Зеница од Босна и Херцеговина, Фаик Испахију, директор и извршен продуцент на БИРН и Интерњуз од Косово, Дона Костуранова, извршна директорка на Младинскиот образовен форум од Македонија, Дејан Миловац, директор на Центарот за истражување и заменик директор на МАНС од Црна Гора, Александар Симурдиќ, генерален секретар на локалниот совет за Европско движење на Нови Сад, Србија.

Цивилното општество претстави свои предлози на самитот

На денот на одржување на Виенскиот самит посветен на западниот Балкан, на 27 август, претставниците на цивилното општество своите конкретни предлози им ги претставија на политичките лидери на земјите учеснички. На овој начин се изнесени целите и препораките во рамки на континуираното ангажирање на цивилното општество, на чија реализација ќе се работи до наредниот самит во август 2016 година. Споменатите препораки се резултат на три подготвителни работилници на организациите од цивилното општество кои се одржани во мај и јуни, во Тирана, Белград и Сараево.

Јакнење на регионалната соработка

Регионалните мрежи и организациите на цивилното општество очекуваат широка поддршка, како дел од механизмите за изградба на доверба и јаклнење на регионалната соработка. За јакнење на регионалната соработка неопходно е и владите на земјите од западниот Балкан да се приклучат на слилчни иницијативи. Актерите на цивилното општество мораат да бидат вклучени во изработка на планови за економски развој, во подрачјето на регионалната соработка кои не се директно поврзани со областа на делување, како што се енергетиката и инфраструктурата, бидејќи на тој начин може да се забрза процесот на интеграција и спроведување на реформи на патот кон ЕУ.

Слобода на медиумите надвор од влијанието на државните структури

Претставниците на цивилното општество побараа јавните емитери и регулаторни тела да бидат ослободени од директно или индиректно влијание на државата. Постапката на избор на членови на одборите на јавните емитери мора да биде транспарентна, непартиска и на темел на професионални стандарди, а методите на работа на овие тела мораат да бидат транспарентни. Сопственичката структура на сите медиуми мора да биде трајно достапна на јавноста на едноставен и транспарентен начин, а монополите во медиумите и во дистрибуцијата на медиумски содржини мораат да се спречат.

Успешно создавање на работни места и јасна развојна перспектива на заедничкиот пазар на труд.

Земјите од регионот мораат да развиваат активна политика на поазарот на труд, активно вклучувајќи ги сите чинители како одговорни партнери. Наместо развојот на комерцијални дејности, акцентот  мора да биде на поддршката на високата стапка на производство и производствени дејности со додадена вредност, како и нивно вклучување во синџирите на снабдување внатре во Европската унија, земајќи ја предвид економската структура заснована на формите на нано, мали и средни претпријатија.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО