19 Мај, 2024
0.1913

Претставена жири комисијата за наградите “SoMo Borac 2019“ и започнат процесот за пријавување

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

И оваа година во рамки на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ, во период од 19 до 22 септември ќе дознаеме кој реализирал најдобри дигитални кампањи во девет категории. Наградите “SoMo Borac“ се доделуваат седма година по ред, а во изминатите години беа добиени вкупно 765 пријави, беа доделени вкупно 124 статуетки, избрани 54 победници од страна на стручното жири кое вкупно броеше 122 члена, а настанот за доделување на наградите беше проследен од околу 2.300 посетители. Наградите се оние кои оддаваат големо признание на оние во првите редови, преку категоријата “Community Manager” на годината, а воедно и на оние од категоријата “SoMoRitanac” кои ќе разбудат во вас мешавина од емоции.

Нова категорија One-Hit Wonder

Оваа година “SoMo Borac“ пристигнува со новости во рамки на категориите. Категоријата досега позната како “Viral Blockbuster“ е заменета со нова категорија – “One-Hit Wonder“! Во рамки на новата категорија ќе се наградува една, единствена објава која предизвикала лавина реакции, коментари, споделувања и со самото тоа постигнала огромен успех. Но и другите категории не се ништо помалку интересни, а можете да ги погледнете на www.somoborac.com, каде се наоѓаат и досега наградените проекти како и оние кои биле дел од финалето.

Кој сѐ е дел од жири комисијата оваа година?

И оваа година одлука за најдобрите ќе донесат стручните лица за дигитален маркетинг од најдобрите агенции од целиот регион. Тоа се:

-  Жељка Вугер (“404, Хрватска);

-  Матеј Шполер (“Infinum”, Хрватска);

-  Иван Ковачевиќ (“Bruketa&Žinić&Grey, Хрватска);

-  Борис Личина Борја(BBDO Zagreb, Хрватска),

-  Томислав Бадер(Švicarska, Хрватска),

-  Марио Микиќ(Human, Хрватска),

-  Ана Марија Малиќ (Degordian, Хрватска),

-  Сашо Димитриевски (Pristop, Словенија),

-  Матјаж Герм (Agencija 101, Словенија),

-  Лука Бајс (Grey Ljubljana, Словенија),

-  Данијел Тепшиќ (Mania marketing, Босна и Херцеговина),

-  Вања Партало (Aquarius, Босна и Херцеговина),

-  Дамјан Дано (Glitch Agency, Северна Македонија),

-  Жарко Димитриоски (Еден на Еден , Северна Македонија),

-  Волјена Данчиќ(Direct Media, Србија),

-  Марија Обреновиќ (“Communis, Србија),

-  Милена Максиќ (Ovation BBDO, Србија),

-  Здравко Кеврешан (“Drive, Србија),

-  Ива Митровиќ(Fullhouse Ogilvy, Србија),

-  Александра Бошковиќ (Bild Studio, Црна Гора

Наградата “SoMo Borac“ се доделува во рамки на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ, кој ќе го посетат повеќе од 4 илјади луѓе. Сега е вистинското време за почеток со подготовките на пријавите. За добри видео пријави потребни се подготовки, креирање нацрт план, собирање на резултатите и идеа како ќе го презентирате својот проект пред жирито. Погледнете на www.somoborac.comкако тоа го направија финалистите и победниците од минатите години и прочитајте што сугерираат членовите на жири комисијата. 


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО