20 Мај, 2024
0.0276

Претседателот тврди дека Заев и Мицкоски биле блиску до договор за изборите

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерите на политичките партии биле блиску до договор за датум за избори, но поради развојот на ситуацијата и порастот на бројот на заболени и починати, разговорите се прекинати, рече денеска претседателот Стево Пендаровски по Советот за безбедност. 

„Политичките лидери имаат комуникациски канал меѓу себе, тие тоа јавно го кажуваат и факт е дека и јас имам комуникациски канал и практично секојдневна комуникација со секој од нив. Она што го знам, до пред некој ден, барем додека не излезе оваа нова ситуација во делот на трендовите врзани со пандемијата, неколку од тие клучни, да не се навредат другите политички лидери, главните во власта и во опозицијата беа прилично блиску до датум. Ако ми е дозволено да шпекулирам без да споменувам имиња и датуми, тие беа во рамки од 10 до 15 дена можеби и поблиску според одредени нивни искажувања затоа што во таа нивна комуникациска размена на мислења се спомнува и неработен ден како можност за гласање, не само недела како што е досега, бидејќи тоа е возможно со промена на закон и со уредба со законска сила може да се гласа и во среда да речеме, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Советот за безбедност.

Меѓутоа, според негоо во последните два дена тие комуникации се прекинати.

„Јас веќе реков, и сакам сега да нагласам уште еднаш дека државата не може вечно да биде во вонредна состојба за некако да функционира. Ние ќе мораме да имаме политички институции. Нивно е да решат кога е според нив најдобро да имаме датум за избори, меѓутоа факт е дека короната ќе трае, факт е дека вакцина не е ни најавена дека може да има. Многу држави во светот шпекулираат дека е можно и цела 2021 година да немаме вакцина и се престројуваат во согласност со тие проценки вклучително и политичките процеси ќе треба да доведат до кредибилни и легитимни политички институции, рече Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража