21 Мај, 2024
0.0317

Премиерот Заев се мисли како да ја консултира опозицијата

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Владата вчера ја одржа 31 седница при што донесе неколку значајни одлуки, а започна и повеќе иницијативи меѓу кои и таа за наоѓање на начин за консултирање со опозицијата за планот за реформи 3-6-9 што всушност беше и една од предизборните заложби на СДСМ уште кога се најавуваа различните мерки.

Владата соопшти дека го задолжила Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија да се консултира со Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија за моделот за консултација со опозицијата по однос на Планот 3-6-9. 

Каков модел на консултација ќе биде одбран засега не е познато, но дијалогот меѓу власта и опозицијата и меѓу Владата и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е доста важен за непречена работа на Собранието по завршувањето на локалните избори за забрзување на реформската агенда што ќе значи и потреба од побрзо носење на законски решенија, како и поширок консензун за клучните национални интереси.

Од Владата се заложија дека заедно со Секретаријатот за европски прашања ќе организираат консултативна средба со репрезентативен број на граѓански организации во однос на реалзацијата на Планот 3-6-9.


Можеби ќе ве интересира

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци

СИ ЛЕГНУВААТ СО МИСЛАТА ШТО ЌЕ ЗГОТВАТ УТРЕ ЗА ЈАДЕЊЕ: Се зголемил бројот на граѓани кои имаат потреба од помош во оброци