Добивај вести на Viber
Се поизвесно е дека победници на овие избори се ВМРО-ДПМНЕ, а на фејсбук веќе почнаа да пристигнуваат првите честитки за победата.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски веќе ја честиташе победата на Христијан Мицкоски.
„Над 16.000 историска разлика! Моја Кисела Вода - ТИ СЕ ПОКЛОНУВАМ!
ПРЕМИЕРЕ
Hristijan Mickoski - ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ!
Заедно ја почнавме оваа битка, заедно ќе продолжиме по патот кој следи!
Мој народе, ви се поклонувам на секој еден од вас кои ја поддржавте промената, денес вие победивте. Денес победи Македонија!
Нѐ газеа, ја урнисаа оваа земја и се изживуваа, но не успеаа да нѐ уништат.
Се сплотивме и на крајот ние победивме.
Народ, никој и никогаш не победил, бидејќи ние сме пирејот. Ние сме таа трева која колку сакаш корни ја - повторно ќе никне.
Денес народот даде свој вредносен суд за сите неправди!
Денес покажавте дека сте горди синови и ќерки на Македонија и дека таа ќе постои и во иднина.
Поради вас, татковината е повторно жива!
Од денес па натаму, нашата и иднината на следните генерации е во сигурни раце.
Со влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседател како
Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, бидете убедени дека конечно изгрева сонцето на слободата!Благодарам Македонијо, да си ни вечна!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!“ напиша тој на фејсбук.