11 Мај, 2024
0.0256

ПОЗНАТАТА ФИНСКА КОМПАНИЈА АЛМА КАРИЕР ЦЕЛОСНО ГО КУПУВА ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ - со сајтот ќе продолжат да раководат македонските менаџери

Објавено во: Економија 25 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Познатата финска компанија Алма Кариер дефинитивно станува доминантен сопственик на македонската фирма Вработување онлајн, која, пак, го поседува сајтот Вработување.ком, еден од најпознатите огласувачи на работни места во земјава.

Оваа информација за Фактор ја потврдија и од самата компанија Вработување онлајн, од каде велат дека веќе го добиле Одобрението од Комисијата за заштита на конкуренцијата, кое беше потребно како финален чекор за да може да се реализира конечната зделка.

Откако оваа потврда односно одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата и официјално е добиено, сега веќе дефинитивно може да се реализира трансакцијата со која познатата финска компанија Алма Кериер ќе го докупи делот од 70 отсто од акциите во Вработување онлајн, од македонските сопственици на оваа наша усшешна фирма.

Со тоа всушност Алма Кариер ќе стане целосен односно стоотстотен сопственик на македонската Вработување онлајн.

А, за информација, Вработување онлајн на македонскиот пазар успешно работи веќе 20 години, од сега далечната 2003 година, а пред пет години, во 2017 година, финската компанија купи 30 отсто од македонскиот огласувач на работни места, со тоа што купувањето тогаш се реализираше преку Хрватски мој посао, хрватски портал кој е всушност најпознатата и најсилната компанија за барање работни места во Хрватска.

А оваа хрватска компанија која е дел од Групацијата на Алма Кариер, веќе е сто отсто сопственик и на порталот за огласување Мој Посао во Босна и Херцеговина, како и на Дјелогласник во Словенија, додека, пак, на српскиот пазар, Алма Кариер е сопственик на 30 проценти од Инфостуд, огромен систем кој опфаќа многу држави и ги поседува водечките портали за барање работа. Оваа мрежа поседува и некои други сајтови за различна проблематика, како што се за автомобилизам, за недвижности и слично, но доминантна дејност и се сајтовите за огласување на работни места.

Инаку, согласно законските прописи, откако одобрението го даде Комисијата за заштита на конкуренцијата, сега треба уште да се дозавршат технички работи, во смисла потпишување на нотар, како и запишување на акциите во Централниот регистар, процес кој би требало да трае околу еден месец, по што дефинтивно зделката ќе биде реализирана.

Она што е битно да се истакне е дека иако Онлајн вработување добива целосно фински сопственик, на нивно барање, со компанијата ќе продолжи да управува досегашниот македонски менаџерски тим. Всушност, овој тим и досега ја водеше фирмата и покажа многу солидни резултати во работењето, што беше причина од Алма Кариер да одлучат со досегашните менаџери да склучат повеќегодишни менаџерски договори, со што тие остануваат и натаму да раководат со компанијата.

Треба да се напомене и дека со оваа купопродажна зделка, всушност, Македонија влегува во семејството на европски држави кои ја поседуваат најсовремената технологија, која ќе стане достапна и за македонските граѓани.

Всушност, нашите граѓани и сега имаат пристап до податоците кои ги обезбедува Регионалниот саем за вработување, кој се одржува секоја година. Засега во него учествуваат пет држави, односно Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, како и Босна и Херцеговина, а се очекува од следната година уште неколку нови држави да се вклучат во регионалниот саем.

Инаку, Вработување.ком денес се наоѓа помеѓу 15 најпосетени веб страници во земјата, со повеќе од 500.000 уникатни посетители месечно. Околу 30.000 клиенти имаат објави на свои огласи на овој сајт.

За Алма Кариер, пак, треба да се наведе дека е друштво регистрирано во Финска, кое е дел од Алма Медиа Групацијата. Групацијата Алма Медиа e меѓународна групација која обезбедува дигитални и медиумски услуги. Во матичната држава Финска, деловните активности на Групацијата вклучуваат маркетплејс онлајн платформи за домување и возила, финансиски и професионални медиуми, медиуми за широки спектари на клиенти, како и содржини и услуги поврзани со податоци наменети за професионалци и деловни потфати.

Во Источна и Централна Европа, Шведска и во Балтичките држави, Алма Медиа спроведува деловни активности поврзани со услуги од областа на вработувањето и онлајн маркетплејс за комерцијални објекти. Алма Медиа Групацијата е присутна во 11 држави во Европа и вработува над 1.700 лица. Акциите на Алма Медиа котираат на берзата НАСДАК во Хелсинки.

Деловните активности на Алма Кариер опфаќаат консултантски услуги од областа на регрутирањето вработени, услуги за објава на слободни работни места, следење на апликации за работа, брендирање на работодавачи, технолошки системи и услуги од областа на работните односи, активности поврзани со саеми за вработување, едукативни системи и услуги, како и услуги поврзани со ангажирање на вработени.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска