26 Април, 2024
0.1175

Пожарникарите во Македонија со многу помали плати од полицајците и војниците, најдоброплатени чуварите во затворите

Објавено во: Економија 05 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Пожарникарите иако се во првите борбени редови за гаснење на еден од најзастрашувачките природни феномени кои го загрозуваат човекот, немаат основни плати ниту од 20.000 денари, а месечните доходи им се многу помали од оние на полицајците и професионалните војници.

Далибор Колевски најдобриот пожарникар од Територијалната противпожарна единица на Куманово za 2020 и претседател на Синдикатот на пожарникарите на Македонија при НСДА вели дека оваа фела, за разлика од другите јавни безбедносни дејности, нема „стабилен работодавач“ бидејќи самите општини се тие кои одредуваат колку треба да им бидат платите.

- До ноември 2020 нашите просечни нето-плати беа 16.600 денари, а потоа по склучениот договор со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за пожарникар спасител сега се 19.600. Сепак морам да кажам дека тие варираат од општина до општина. Па така во Велес просекот е 23.000, а најголеми се во скопската бригада. За чинот водач на група следува зголемување само од 1.000 денари месечно. Голем број општини не исплаќаат 20 отстотен додаток за работа на терен, но треба да се каже дека со тужбите успеваме да ги добиеме на суд, вели Колевски.

Тој побара сите пожарникари да бидат вработени под капата на едно министерство, бидејќо како што вели тој, сите исто ги исполнуваат своите работни задачи, а од друга страна кај општините секоја засебно си го толкува законот како што им одговара.

Претседателот на Македонски Полициски Синдикат, Марјан Кицев, признава дека пожарникарите се помалку платени од полицајците. Вели дека просечна нето-плата во МВР е околу 36.000 денари.

- Пожарникарите имаат најмали, а според мене, полицајците се во средина, зад професионалните војници. Треба да се каже дека тука има и други додатоци кои си ги носат самите овлчастувања, па припадниците на армијата добиваат и исплати за станбено прашање. Нето-плата за еден полицаец без другите додатоци просечно е 21.000 денари, а кај сениорите со текот на стажот се зголемува само за 2.500 денари, вели Кицев и додава дека постојат најави дека од 1 јануари е можно зголемување на платите за 5 отсто воп полицијата.

Ристо Ајтов, претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста, вели дека во армијата платите се еднакви на националниот просек. По потпишувањето на вториот договор, на припадниците на армијата им следува дополнително приход за станбена закупнина од 30 отсто од просечната национална нето-плата.

- Толкава е просечната плата на сите заедно - професионалните војници, подофицерите, офицерите и генералите. Но треба да се знае дека за ралика од некои вработени во јавниот сектор, ние сме постојано на терен, добиваме прекоманди. Кај професионалните војници одвоено, според бодувањето, вкупната просечна основната плата е помеѓу 23 и 24 илјади денари, без парите за закупнина. Но треба да се знае дека оваа работа е неатрактивна, а кариерно не се зголемува суштински со добивање на нови чинови. Така, потпоручник може да има само 2.500 повеќе. Стажот годишно носи зголемување само од 0,5 отсто на платата, вели Ајтов.

Горан Ристески од Независен синдикат на државната администрација при КСОМ смета дека и шумската и судската полиција се соочуваат со мали плати и неправди по ова прашање, додека единствено затворската полиција може да се пофали со поголеми приходи но единствено само поради големиот ризик на работното место.

- Затворски полицаец од првиот работен ден има нето-плата од 23 до 24 илјади денари , но огромен е ризикот на работното место, а 30-отстотниот додаток по ова прашање го добивме со протест. Треба и да се каже дека и другите попатни услови за работа се несоодветни, па така се уште имаме оружје од СФРЈ, за прв пат се вработуваат 55-годишници па треба на таа возраст да ги обучуваме, а голем број раководни места се некаде се испразнети, објаснува синдикалецот.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија