ПОВТОРУВАЊЕ НА БОЛЕСТА: Уште еден штипјанец по втор пат заразен со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Септември, 2020
Во Штип втор пат е регистриран случај каде излекуван пациент од Ковид -19 повторно се заразил. Штипјанец по вторпат е заболен од коронавирус.
Маж вработен во конфекција повторно е заболен.
Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип, Марија Димитрова, објаснува дека тој бил позитивен пред неколку месеци, а е откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции.
Првиот пат бил асимптоматски, но овој пат тој појавил поблаги симптоми, по што е тестиран и е позитивен.
Првиот случај на повторување на болеста беше регистриран кај 46 годишен маж, кој откако оздраве, по неколку месеци се зарази од „текстилниот кластер“ и заврши во болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675.
Бројот на активни случаи со денови е под 2.000.