20 Декември, 2025
0.0601

Нов црн Ковид биланс: Седум починати, трицифрен број новозаболени

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2020 14:41

Добивај вести на Viber

Нови 186 заболени со Ковид - 19 во последното деноноќие регистрира Министерството за здравство. Биле направени 1.674 тестирања, а во овие 24 часа повторно има голем број починати. Битката со вирусот ја изгубиле седум луѓе - еден пациент од Куманово кој имал 53 години, двајца пациенти од Струга едниот 68, другиот 70 години, еден од Гостивар кој имал 61 години и тројца пациенти од Делчево на 43, 60 и 78 години. Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Од новорегистрираните најмногу се од Скопје - 56 случаи, следува Гостивар со 18 новозаболени па Кочани со 17. Во овој град на истокот очигледно епидемијата збувнува повторно. Во Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево -4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964. 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска.

• Чаир – 52

• Гази Баба – 75

• Аеродром - 83

• Карпош – 71

• Центар – 82

• Кисела Вода – 52

• Ѓорче Петров – 28

• Бутел - 33

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 9

• Сарај – 17

• Арачиново – 9

• Илинден – 12

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 3

• Петровец – 6

• Зелениково - 2

• Странец – 7

• Нераспределен-7


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки