12 Мај, 2024
0.0256

ПОВИСОКИОТ ДАНОК И КОРОНАТА ГО „ТОПИ“ УВОЗОТ НА СТАРИ ВОЗИЛА - и тие што влегле лани не се постари од седум години

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Драстично се намалил бројот на увезени половни возила лани во споредба со претходната година, говорат најновите податоци на Царинската управа.

Или, минатата година во земјава биле увезени вкупно 23.880 употребувани автомобили, што е за точно 14.700 вакви возила помалку во однос на 2019 година, кога во земјава влегле 38.580 користени возила.

Главната причина за тоа е што на стартот на ланската година почна да важи новиот Закон за данок на моторни возила, со која треба да платат повеќе оние чии возила повеќе ја загадуваат животната средина, односно постарите. Тоа беше причина токму во 2019 година граѓаните да навалат на купување половни автомобили, особено во декември кога за само еден месец во земјава се внесоа 5.256 употребувани автомобили. Што значи дека тие што имаа намера да се „подноват“ со користено возило тоа главно го завршија во 2019 година.

Данокот кој лани стапи на сила придонесе одредени возила што имаат повисоки еколошки стандарди дури и да станат поисплатливи, наспроти оние што повеќе загадуваат, чија цена порасна.

Сепак, познавачите говорат дека во принцип сега паѓаат цените на употребуваните возила и на европскиот пазар, особено оние кои возат на дизел, кој се повеќе се забранува во Европа, па граѓаните во западните земји сакаат да се ослободат од тие нивни автомобили и затоа ги намалуваат цените.

Ако се гледа по месеци, во 2020 година декември бил повторно најдобар за пазарот на половни возила, бидејќи тогаш биле увезени најмногу - 3.204, наспроти април кој бил најслаб со 621 увеено старо возило.

Од друга страна, покрај новиот данок, врз увозот на автомобили претходната година удри и корона кризата, што почна уште во март, па граѓаните не беа многу расположени во време кога никаде не може да се патува, освен во земјава и евентуално во поблиското соседство, да го обновуваат својот возен парк.

А, според информациите на Фактор од салоните за употребувани возила, новиот Закон за данок на моторни возила многу позитивно влијел да се смени и структурата на внесените половни автомобили.

Па така, според сознанијата, лани речиси и да немало увезено возило со датум на производство пред 2013 година, односно постари од седум години, или такви се увезени едвај десетина автомобили, за разлика од претходните години, кога овде се носеа многу постари употребувани автомобили. Но, лани тоа не се правело, токму заради повисокиот данок токму за понееколошките автомобили.

Ова придонело и да се намали просекот на старост на употребуваните коли што се возат низ македонските патишта, па ако досега тој беше 17 години, со минатогодишните увози оваа бројка сигурно е многу пониска.

Инаку, всушност 2019 година донела многу повисок увоз на употребувани автомобили и во однос на 2018 година, кога се увезле 32.237 користени возила.

Инаку, 2020 година не била лоша само за половните,туку и за новите возила. Па така, ако во 2019 се увезле 6.341 нов автомобил, тој број во минатата 2020 година се намалил на 5.172 увезени нови коли.

Ова покажува дека пандемијата навистина силно удри врз автомобилската индустрија, што најмногу страдаше во рамките на глобалната економија.

Сепак, ако се знае дека во претходните 365 дена добар дел помнавме во карантини, полициски часови и затворени граници, како и затворени молови и објекти, оваа бројка од 5.172 набавени нови автомобли и не е така лоша. Иако, треба да се има предвид дека нови возила главно купуваат државните институции и органи од земјава, а не толку граѓаните, освен оние со повисоки приходи.

А министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска најави дека има шанси оваа година да дојде и до забрана на увозот на возила со еколошки стандард под Еуро 5. Се спомена повторно и можност за субвенции за замена на постари со малку понови возила, но, според информациите, во буџетот за оваа година, средства за таа намена не се определени.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска