08 Мај, 2024
0.0264

Повеќе од 36 часа кумановските пожарникари помагаат во Старо Нагоричане

Објавено во: Македонија 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Повеќе од 36 часа екипите на ТППЕ Куманово помагаат во Старо Нагоричане, каде беснеат пожари. 

Помагаат во  Малотино, како и во селата Ваксинце и Матејче во Липково.

Во последните 24 часа на територија на Општина Куманово имаме регистрирано 9 пожари и интервенции од страна на ТППЕ Куманово на отворен простор и шумски пожари на локација - Тромеѓа, Четирце, Пуковско, Пезово, Бељаковце. Дополнително и на локација Доброшане каде што е интервенирано при гасење во фабрика за преработка на дрво, на локација во с. Зубовце и с. Мургаш каде всушност е и најсериозниот пожар во изминатите 24 часа, во кој беа опожарени поголем број на куќи, покуќнини и домаќинства. За среќа нема човечки жртви и немаме сериозни здравствени повреди, освен во еден случај кадешто дополнително од страна на надлежни медицински лица ќе се утврдат последиците. Лично, утрово ги посетив овие опожарени локации и во моментов, територијата на с. Мургаш е комплетно ставена под контрола, се работи активно и на локација во близина на с. Бељаковце, локалитет Липец, каде што директно имаме противпожарна екипа“, информира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. 

Апелира до жителите на територија на селото Бељаковце да бидат  внимателни, бидејќи има одредени места на кои може да се реактивира пожарот.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска беше со припадниците на Армијата активирани во справувањето со пожарите кај Кокино, соопшти Министерството за одбрана. 

Гори на повеќе локации во државата. 

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија