(ФОТОГАЛЕРИЈА) МЕЃУ ДЕЛЧЕВО И ПЕХЧЕВО УШТЕ ГОРИ: Зафатена е цела Средна Планина во радиус од 5 километри, армијата и денеска е во месноста Пасјак
Објавено во: Македонија 03 Август, 2021
Пожарот што вчера
доцна попладне избувна во месноста Пасјак, меѓу Делчево и Берово уште е
активен, велат сведоци за Фактор. Велат дека состојбата е смирена, но војската
и дел од граѓаните уште се на терен и гаснат.
Во големото пространство, кое според жителите, е некаде во радиус од околу 5 километри, пожарот ја зафатил цела Средна Планина и при тоа е направена огромна материјална штета. Изгорена е целата паша за стоката, велат тие, но за среќа, навреме се евакуирани во Делчево сите неподвижни лица.
Во продолжение фотогалеријата на Фактор: