20 Мај, 2024
0.0261

Потпишан Колективен договор помеѓу оне.Вип ДОО Скопје и Синдикалната организација на оне.Вип ДОО Скопје

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска во просториите на Вип беше потпишан Колективниот договор помеѓу оне.Вип ДОО Скопје и Синдикалната организација на оне.Вип ДОО Скопје (СООВ). Колективниот договор го потпишаа членовите на раководниот тим на Вип со претседателот на Синдикалната организација на оне.Вип.

Со потпишувањето на колективниот договор што се случува по интензивни преговори меѓу раководството на компанијата и СООВ се уредуваат фундаменталните права на вработените во оне.Вип и се решаваат голем дел од предизвиците со кои се соочувавме во компанијата во минатиот период.

“Менаџментот на Вип секогаш имал слух и разбирање за потребите на вработените, а Колективниот договор е потврда за определбата на компанијата да го почитуваме правото на слобода на здружување и колективно преговарање. Овој документ претставува темел за понатамошните заложби на двете страни за унапредување на релациите меѓу вработените и менаџментот се со цел да овозможиме здрав дијалог во креирањето на здрава работна средина. Со потпишувањето на Колективниот договор докажуваме дека сме компанија која, пред се, посветува внимание на правата на вработените, условите за работа и системите за унапредување и наградување, што потврдува дека Вип е најдоброто место за постигнување на врвни резултати во професионалната кариера“,изјави Димитар Ковачевски Извршен директор на оне.Вип.

 “Ни претставува задоволство што успешно го финализиравме овој процес. Со колективниот договор подетално се регулираат правата и обврските на сите вработени во оне.Вип, а оние ставки кои се предвидени во Законот за работни односи и во Општиот колективен договор за стопанството се допрецизираат во корист на вработените во оне.Вип“, изјави Звонко Младеновски, претседателот на Синдикалната организација на оне.Вип.

Меѓудругото, колективниот договор подетално ги уредува правата и обврските на работодавецот и вработените, отсуствата од работа, плата и додатоци, откажување на договорот за вработување, начинот и постапката за утврдување на бројот и структурата на вишокот на вработени како и критериуми за унапредување.

По спојувањето на телекомункациските оператори ОНЕ и Вип во ново друштво оне.Вип во 2015 година, Синдикалната организација на ОНЕ (СОО) се пререгистрира во Синдикална организација на оне.Вип (СООВ) и како таков субјект од областа на синдикалното здружување делува како претставник на работниците во сите три компании (ОНЕ, Вип и Blizoo) кои ја сочинуваат новата компанија оне.Вип.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО