20 Мај, 2024
0.0297

ПОРТАЛОТ А1 ОН: Димова на непристоени начин се обидува да не дискредитира, но ние ќе продолжиме да истражуваме за злоупотреби

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

По директорката на Националната агенција за образовни програми, Лидија Димова, која најави дека за невистините, кко што ги нарече, од порталот А 1 Он, ќе се видат на суд, се огласија и колегите од А1 Он.

Редакцијата на „А1он“ најостро реагира на хајката која, како што велат, во последниве три дена ја спроведува директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, а по објавеното истражување кое фрла сенка за начинот на доделување на проекти преку „Еразмус+“ програмата. 

„Служејќи се со дискредитации за нашиот новинар и автор на текстот, Кристијан Ландов, и преку соопштенија и преку социјалните мрежи, Димова на крајно непристоен начин се обидува да го релативизира истражувањето во кое се опфатени сите засегнати страни и запазени се сите новинарски етички стандарди. Наша обврска како новинари е да отвораме прашања кои се од јавен интерес, а во случајов постојат сериозни сомнежи за злоупотреби, за што редакцијата на „А1он“ ќе стапи со надлежните институции во Брисел“, пишува редакцијата на А1 Он.

Оттаму ги повикуваат новинарските здруженија да реагираат на односот на Димова кон новинарите и кон редакцијата на „А1он“, бидејќи сметаат дека не доликува на еден претставник на влијателна институција на овој начин да комуницира со јавноста. 

„Нападот врз Кристијан Ландов со недолични коментари на социјалните мрежи од Лидија Димова се само одраз за нејзината култура и неможноста да комуницира со аргументи. „А1он“ застанува целосно во одбрана на Кристијан Ландов и ќе го поттикне да го истражи целото работење на агенцијата до детали. Потенцираме дека уште пред објавувањето на сторијата, беа контактирани сите засегнати страни и обезбедени сите документи, вклучувајќи ја на прво место, Димова. Во денешното соопштение , сепак, таа тврди дека Националната агенција не финансирала фризерница, туку претпријатието „Вредност на европско знаење“, со скратен назив В.Е.З. Трејд. Проверките што редакцијата на „А1он“ ги направи, покажаа дека претпријатие со назив „Вредност на европско знаење“ во Централниот регистар не постои. Постои само претпријатие со назив В.Е.З. Трејд, а за тоа што претставува кратенката, не можеме да претпоставуваме, со оглед на тоа што долгиот назив на компанијата е Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, со приоритетна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“. Компарациите, не се правени како што вели Димова, со секторот високо образование, туку со акции за исти грантови за училишно образование. Тоа може да се увиди и од објавените листи на добтници од другите држави“, нагласуваат од А1 Он. 

Потенцираат дека нивните новинари се слободни да бидат брифирани и да разговараат со надворешните соработници, чиј идентитет е заштитен и имињата не се објавени. Тоа не е казниво според ниту еден закон, напротив, дел од новинарската работа е да се зборува со што повеќе лица, а со цел да се дојде до вистината. 

„Во однос на на ранг-листите, според освоени бодови на проектите, потенцираме дека „А1он“ уште во петокот ги побара истите, но тие не се јавно објавени и до овој момент се уште не ни се доставени, исто како што не е ниту листата на одобрени проекти кои се на чекање. Во оваа прилика ја повикуваме директорката Димова слободно да ги објави. „А1он“ и понатаму ќе продолжи да ја обработува сторијата преку серијал текстови кои откриваат сериозни сомнежи за злоупотреби на европските пари, на професионален и објективен начин, како што тоа го правеше и досега. Никакви закани, уцени, дискредитации и недолични изјави нема да не запрат да си ја вршиме својата работа како новинари, а со тоа и да ги охрабруваме надлежните институции да извршат детални проверки за она што е објавено“, пишуваат од А1 Он во својата реакција.

Претходно, откако премиерот Заев побара од неа да одржи пресконференција и да објасни за обвинувањата, Димова се огласи преку фејсбук и кажа дека работела законски, а дека за клеветите од новинарот, ќе се виделе на суд.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража