20 Мај, 2024
0.0259

Пониска цена за послаб квалитет – што нудат странските интернет продавници повеќе од македонските компании?

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Ако до пред неколку години македонските граѓани беа уплашени да купуваат онлајн поради сомнежот дека податоците од нивните платежни картички не се доволно безбедни или ќе бидат злоупотребени, денес во Македонија онлајн купувањето стана секојдневние. Стекнатата доверба се должи на големата експанзија кај македонски компании кои преку своите веб-страници овозможија онлајн купување и плаќање, нешто што во странство веќе со години е вообичаена работа. Но со надминување на таа бариера се создаде нов проблем, не на домашниот пазар, туку при купувањето на производи од странски онлајн продавници. Оналјан продавниците каква што е на пример AliExpress несомнено нудат широк спектар на производи, но многу често не бил секој задоволен од тоа што го нарачал, а го добил за возврат. Голем број примери на социјалните мрежи сведочат за такви искуства при купување од вакви популарни онлајн шопинг платформи.

Неодамна на Фејсбук имаше сведоштво од едно момче кое нарачало мобилен телефон од една од ваквите онлајн продавници по намалена цена во споредба со домашниот пазар, но телефонот не издржал повеќе од еден месец. Гаранција за тоа немало, па овластениот сервис што е во Македонија не можеле да му помогнат да го реши проблемот. Сличен пример било и со нарачките на заштитните маски и гаџети за телефон, кои не одговарале соодветно за моделот на телефонот иако биле наменети токму за него. Да не ги заборавиме парчињата облеки кои се далеку од она што е прикажано на фотографиите, почнувајќи од моделот, дизајнот, материјалот на изработка и на погрешниот конфекциски број. Сето тоа создава сомнеж дали нависина вреди да купувате од таму и дали се исплати ризикот за тоа. Чекањето на артиклите повеќе од месец дена е само податок плус кој внесува неизвесност дали и кога ќе стигне тоа што сте го нарарачале.

На оваа тема околку сервисот и гаранциите за производите разговаравме и со Игор Николоски, раководител на KIK service, овластен сервис партнер за Samsung, Whirlpool и за Panasonic. Игор го посочува истиот проблем кога станува збор за квалитетот и за гаранцијата на производите што се купуваат од странските онлајн продавници.

„Ние како овластен сервис партнер за Samsung, Whirlpool и за Panasonic се соочуваме со сите незгоди што ги стекнуваат граѓаните при купувањето на производи од странските популарни интернет продавници. Имало многу случаеви каде гаранцијата не била валидна, производот бил оштетен при транспортот или квалитетот на производот не ги задоволувал основните критериуми. Со тоа граѓаните кои имале невалидни гаранции се изложуваат на дополнителен трошок при поправка, па со тоа често го надминуваат и износот на производите што можеле да ги купат во Македонија, а притоа да им биде обезбеден сервис, гаранција и квалитет каков што заслужуваат“, посочува Николоски.

За волја на вистината има многу евтини работи кои може да се најдат на странските онлајн продавници, но при купување на техничка стока треба да се размисли двапати затоа што многу лесно може да ви се случи истото она што им се случило на голем број македонски купувачи.

Низата на вакви примери и негативни искуства го отвараат прашањето: Дали македонските граѓани се подготвени да платат помалку за нешто што e помалку квалитетно, што носи ризик или да платат приближна цена до таа која се нуди на странските интернет продавници, па за возврат да добијат гаранција, сервис и сигурна испорака од македонските компании? А посебно да се запрашате при идејата за купување техника затоа што големите маркети за техничка стока во Македонија нудат гаранција и сервис за своите производи, а разликата во цените со странските шопинг платформи е скоро иста, тогаш зошто би купувале нешто од таму кое веќе го имаме на нашиот пазар?

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО