19 Мај, 2024
0.0322

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Помина големиот христијански празник Велигден, за кој верниците вапцаат јајца и по две-три табли и истите не можат да ги изедат за три дена додека се чествува христовото воскресение.

Важно е овие јајца граѓаните да ги изедат што поскоро и да не ги чуваат со денови, поради ризик од расипување. Во меѓувреме, истите треба да стојат во фрижидер и да бидат заштитени од расипување.

„Откако јајцето ќе се свари, со оглед дека од бојата е заштитено, има подолг рок, можеби две недели, односно 15 дена. Никој нема да ги остави толку време јајцата, а да не ги изеде. Ако видиме дека жолчката кај јајцето потемнела или дека има миризба, секако дека не треба да го консумираме. Тие бои што содржат адитиви, односно вештачки бои, а не се на природни база, тие може да се штетни и не треба да се консумира јајцето ако остатоци од бојата има внатре. Граѓаните не обрнуваат внимание на тоа, а може да се појават алергиски реакции во поголема и помала количина зависно од самата индивидуа. Пожелно е јајцата да се чуваат на ладно, темно место, да не се изложени на директна светлина, да се чуваат во ладилник. Пожелно е по варењето да се изедат за неколку дена“, вели м-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска од студио Нутри ЕМ од Скопје.

Додава дека количината која треба да ја внесеме може да биде две или три јајца во текот на денот. Нагласува дека не треба да се мешаат протеини, месо со јајца, затоа што тоа му отежнува на дигестивниот систем. Инаку, јајцата имаат многу бенефити за нашето здравје.

„Јајцето е единствен евтин протеин кој ги содржи сите нутриенти коишто треба да ги внесеме на дневна основа. Ако е лицето физички активно, обично активните ја користат белката на јајцето, тие ни се потребни за мускулите, за целиот организам. Три белки едно лице може да изеде дневно, но пак зависи од староста, потребата на лицето. Протеините во јајцето ги има 6.3 грама во средно големо јајце, масти има 5.2 грама, има витамини и минерали. Жолчката има многу витамини и минерали. И белката содржи голема количина на Б витамини исто како жолчката. Единственото што недостига е витамин Ц, а со две јајца изедени во текот на денот, задоволуваме 10 до 30 отсто од дневните потреби на витамини. Јајцето има влијание на слабеењето и да го намали масното ткиво околу стомакот. Но, најдобро е да ги користиме органските јајца, тогаш имаме поквалитетно јајце, за разлика од оние во фабрички услови. Луѓето кои имаат алергии на јајца треба да ги избегнуваат, може да дојде до осипи, дигестивни проблеми, дури и до животозагрозувачки состојби и треба оние кои имаат висок холестерол да внимаваат со внесување на јацата затоа што внесуваме и друга храна, особено на жолчката. Или да ограничат или да се консултираат со нутриционист“, додава Спасовска Мојсовска.

Доколку се случи луѓето да внесат јајца кои не се исправни, потребна е лекарска помош. Инаку, за празниците се случувало и луѓе да завршат во болница при јадење на поголеми количини на јајца. Пред празникот верниците постат, а на празникот внесуваат мрсна храна и мешаат повеќе намирници, но и на тоа треба да се обрне внимание. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража