19 Мај, 2024
0.0314

ПОМАЛКУ ЗАРАЗЕНИ И ПОЧИНАТИ ОД ВЧЕРА: Нови бројки за состојбата со Ковид -19

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во Македонија денеска има помалку заразени и помалку починати од коронавирусот од вчера. 

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 1.312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1.

Институтот за јавно здравје денеска евидентира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Кичево-5, Ресен-5.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669,  бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079. Од вчерашните тестирања, еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 4466, активни 1938
•       Куманово 945, активни 257
•       Дебар 179, активни 114
•       Штип 677, активни 349
•       Прилеп 314, активни 51
•       Тетово 967, активни 287
•       Струга 396, активни 189
•       Велес 209, активни 27
•       Битола 98, активни 46
•       Охрид 255, активни 104
•       Кавадарци 32, активни 18
•       Гостивар 337, активни 217
•       Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
•       Струмица 31, активни 21
•       Крива Паланка 22, активни 8
•       Радовиш 27, активни 22
•       Крушево 15, активни 10
•       Кочани 90, активни 20
•       Пробиштип 46, активни 27
•       Демир Хисар 20, активни 18
•       Македонски Брод 10, активни 6
•       Пехчево 6, активни 0
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 12, активни 7
•       Свети Николе 207, активни 192
•       Кичево 109, активни 85
•       Ресен 142, активни 53
•       Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1312 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-26,  Авицена-132, Биотек-131, МАНУ -125, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-7, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. 

Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. 
Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 280
•       Аеродром - 204
•       Бутел - 141
•       Гази Баба - 206
•       Центар – 165
•       Карпош – 171
•       Сарај – 114
•       Кисела Вода – 169
•       Ѓорче Петров – 125
•       Студеничани – 107
•       Шуто Оризари – 108
•       Арачиново – 34
•       Илинден – 25
•       Петровец – 23
•       Чучер Сандево – 11
•       Сопиште – 20
•       Зелениково- 13
•       Странец – 7
•       Нераспределен- 15

Комисијата за заразни болести ќе расправа во текот на викендот за укинување на рестриктивните мерки за земјите од регионот.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична