21 Мај, 2024
0.0305

ПОЛИТИЧКИ БАРОМЕТАР НА БРИМА: Како ќе гласаат граѓаните на локалните?

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

На локалните избори 25,2% од граѓаните на национално ниво би го дале својот глас за СДСМ, 20,6% би ги поддржале ВМРО-ДПМНЕ, 6,1% ќе гласаат за ДУИ, 5,1% за Алијансата на Албанците, 4% за БЕСА и 2% за ДПА, покажуваат резултатите од Политичкиот барометар на БРИМА. 


Анкетата е за подготвеноста за гласање за кандидатите на политичките партии за градоначалници на локалните избори, спроведен како дел од редовното тримесечно омнибус истражување.

На теренската анкета направена во периодот од 6 до 14 септември годинава, 29,7% од испитаниците за градоначалник на Град Скопје би поддржале кандидат на СДСМ, 26,5% на ВМРО-ДПМНЕ, 6,4% на БЕСА, 6,3% на ДУИ, 1,8% на Алијансата на Албанците и
1,1% на ДПА.

На ниво на Македонија друга опција би поддржале 3,2% од испитаниците, нема да гласаат 17,7%, а одбиле да дадат одговор или се неопределени 16%. За Град Скопје друга опција поддржуваат 1,1% од испитаниците, 12,5% нема да гласаат, а 14,7% одбиле да дадат одговор или се неопределени.

Анкетата е спроведена врз репрезентативен примерок од 1.205 полнолетни граѓани на национално ниво со маргина на грешка: +/- 2,8% и 303 испитаници за Скопје со маргина на грешка: +/- 5,6% во период кога се уште не беа соопштени кандидатите за градоначалници. Предмет на анализа се одговорите на прашањето – Ако локалните избори се одржат денес, за кандидатот на која партија ќе гласате за градоначалник на вашата општина, односно за градоначалник на Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати