19 Мај, 2024
0.0317

Политичарите со умерени честитки по победата, пофалби и за добрата игра на Косово

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа го победи Косово со 2-1 во елиминацискиот натпревар во категоријата Ц во Европската лига и дојде на само еден чекор од исторски пласман на Европско првенство. Во финалето за историскиот пласман на Европското првенство за противник ќе ја имаме репрезентацијата на Грузија на 12 ноември, а честитките и реакциите не можеа да ги заобиколат ниту политичарите, кои сепак се обидоа да балансираат на свој начин познавајќи ја чувствителноста на регионот.

„Фудбалот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 90-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. Честита победа на нашите македонски фудбалери, нашата гордост, нашиот тим кој оди напред кон европски пласман! Честито и на косовскиот тим за добрата игра.“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук по историската победа на националната арена „Тодор Проески“.

Вицепремиерот за спречување на корупција и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, е убеден дека на крајот Македонија ќе слави и во Тбилиси.„„

„Каква радост! Браво момци Македонци! Уште една пречка и одиме на Европско! Грузија е незгоден противник. Ќе биде тешко, но сите ќе ве бодриме. Ќе победиме!“, објави Николовски.

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, исто како и Николовски, посака успех во одлучувачкиот натпревар.

„Момци честитки! Покажавте одлучност и почит кон македонскиот дрес. Заедно да се радуваме и за следната победа на Македонија.“, гласеше реакцијата на Мицкоски по мечот.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, ја пофали и играта на Косово, а за успехот на нашиот национален тим му честиташе на претседателот на ФФМ.

„Одлична утакмица помеѓу две соседни земји вечерва во Скопје!!!обеда за Северна Македонија , одлична игра на Косово! Честито Мухамед Сејдини- Претседател на Фудбалската Федерација на Македонија“, напиша Бектеши.

Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, пак, за играч на мечот го прогласи Енис Барди.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража