Политичар во Русија примил дури шест дози од вакцината против коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Ноември, 2021
Рускиот политичар Владимир Жириновски примил дури шест дози од вакцината против коронавирусот.
Претседателот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, објави дека досега примил шест дози.
„Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против коронавирусот. Првата доза на ‘спутник В’ ја примив на почетокот на септември 2020 година“, изјави Жириновски за „Спутник“.
Тој раскажа како се случило да прими шест дози.
„По неколку месеци, нивото на антитела се намали и лекарите ми препорачаа да примам бустер доза. Примив ‘спутник лајт’“ изјави политичарот.
На крајот на летото 2021 година, примил уште две дози од вакцината „ковивак“ од Центарот „Чумакова“.
Бројот на починати од Ковид-19 во светот денеска надмина пет милиони.