20 Мај, 2024
0.0282

ПОЛИЦАЈЦИ ТРГНАЛЕ ПО МАРИХУНА, НАШЛЕ ХЕРОИН - приведен 23 годишен кичевчанец

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Кичевските полицајци тргнале да бараат марихуана кај млад кичевчанец, за кој им било кажано дека врши продажба, но кога отишле во неговиот дом, откриле дека тој продава и хероин.

Како што јави МВР, вчера во Кичево полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - СНТДООМ, во координација со ОВР Кичево го лишиле од слобода А.М.(23) од Кичево, поради основано сомнение дека извршил кривично дело недозволена трговија со дрога - хероин и марихуана.

Имено, во 21.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кичево извршен е преглед на А.А., при што била пронајдена марихуана, за која изјавил дека ја набавил од А.М. од Кичево.

„По претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, од страна на полициски службеници од НККР - ОНТДО Кичево во периодот од 21.50 до 23.00 часот, извршен е претрес во дом, други простории и возила кај А.М.(23) од Кичево, при што се пронајдени и одземени 18 паковки со хероин, ќеса со марихуана, кутија со остатоци од марихуана, 3 дигитални ваги со остатоци од марихуана, нагорени алуминиумски фолии, зипер ќеса со остатоци од марихуана“, соопшти МВР.

По завршување на претресот, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кичево, А.М. е приведен во Полициска станица Кичево, каде по комплетирање на целокупната документација ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража