21 Мај, 2024
0.0375

Се заканил дека ќе ги убие со пиштол членовите на комисијата ако ќерка му „падне“

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Полицaец од Кавадарци се заканувал дека ќе ги убие вработените во испитниот центар на „Здружението на возачи“ доколку ќерка му падне на возачкиот испит.

Претседателката на испитниот центар и вработен како контролор случајот го пријавиле во полиција, откако завчера напладне во службените простории на центарот се појавил полицаецот со иницијали Ј.К. и почнал да им се заканува затоа што неговата ќерка не го положила испитот. 

Пред да излезе од канцеларијата тој упатил сериозни закани кон двајцата дека ќе ги убие со пиштол нив и останатите од комисијата. 

„За кратко време повторно влегол внатре и физички ги нападнал С.Н. и Ц.П.  но истите заедно со нивната колешка М.И. успеале да го отргнат и изнесат Ј.К. во ходникот, каде истиот почнал да упатува закани дека ќе оди да го земе пиштолот со кој ќе ги убие“- стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

На Ј.К. му е одземено службеното оружје и муницијата со потврда за привремено одземени предмети.Против него  ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „насилство”.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази