19 Мај, 2024
0.0373

ПОИНТЕНЗИВНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО ПОДДРШКА НА ВЛАДИТЕ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ – ПОРАКА ОД МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИОТ БИЗНИС ФОРУМ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Објавено во: Економија 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Има потенцијал, можности и основ за раст на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија, како две традиционално пријателски земји. Потребно е интензивирање на трговските и инвестициските активностите поткрепени со политичка поддршка, беше заклучено на денешниот Македонско-словенечки бизнис форум во рамките на кој се одржаа и деловни средби меѓу компании од двете земји.

Бизнис форумот организиран од стопанските комори на Македонија и на Словенија, а поддржани од претседателите на владите на двете земји, во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје, во присуство на повеќе од 130 учесници, покажа дека постои интерес за еден од традиционалните регионални пазари на Македонија. Треба само да се најдат начини и модели како да се работи на зголемување на соработката и отворање на нови можности.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, изразувајќи задоволство од големиот интерес за денешниот Бизнис форум и за деловните средби, посочи дека повеќе од 30 години компаниите од Словенија и од Македонија имаат одлични деловни врски, традиционални односи, инвестиции, кои не само од Словенија во Македонија, туку изминатите години покажуваат и обратен правец. Македонски фирми веќе се јавуваат и како инвеститори во Словенија, посочувајќи го „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, кој преку фабриката во близина на Целје го освојува европскиот пазар. „Алкалоид“ е веќе традиционално присутен одреден период на словенечкиот пазар и претставува докажан трговски бренд. Овие трендови покажуваат дека е создадена клима македонските компании да се јавуваат како инвеститори надвор од земјата. -Словенија, констатираше, Азески, е земја која од својата независност досега никогаш не ја напушти Македонија. Учевме од нивните искуства. Беше посочено и значењето на  Коморскиот инвестициски форум, во кој сме заедно со Стопанската комора на Словенија и кој има за цел да изгради цврсти темели за идна регионална соработка во наредните 10 години. Преку поттикнување и интензивирање на дијалогот меѓу членовите на КИФ, ЕУ и меѓународните организации, интенцијата е да се покаже новата моќ на коморите во регионот, кои ја имаат клучната улога во поврзување на бизнисите и елиминирање на препреките кои се јавуваат на тој пат.

Претседателот Азески најави дека во следниот период Стопанската комора на Македонија активно ќе работи на заеднички проекти со Стопанската комора на Словенија, во делот на едукација, користење на искуството во надворешно-трговското работење и слично. -Сегашното ниво на трговска размена од 233,4 милиони САД$, не е на задоволително ниво и истото може да биде најмалку двојно поголемо, - алармираше Азески.

Генералната директорка на Стопанската комора на Словенија, Соња Шмуц, во обраќањето на Форумот стави акцент на добрите досегашни деловни односи, дефинирајќи дека двете земји имаат слична историја, традиција, територија. Таа посочи дека и Словенија и Македонија се истрајни на патот до успехот и дека се подготвени за натамошен развој. Словенија и Македонија се пријатели во делот на инвестициските активности, на полето на образованието, имајќи  предвид дека многу македонски граѓани се едуцираат во Словенија. –Земјата, посочи Шмуц, лани имаше 5% раст на бруто домашниот производ. За оваа година проектиран е раст од 5,1%. Од 35 милијарди евра извоз во 2017 година, Словенија планира да го зголеми извозот на 50 милијарди евра до 2025 година. Фокусот на земјата е како да се зголеми додадената вредност на словенечките производи за странските пазари.

Пред присутните стопанственици се обрати и претседателот на Владата на Република Словенија, д-р Миро Церар, кој меѓусебните односи на двете земји ги оцени како исклучително пријателски. Тој истакна дека и Словенија и Македонија го одбраа правиот пат за интегрирање на земјите во евроатлантските процеси. Во таа насока, Словенија ќе ја поддржи Македонија, бидејќи, како што рече претседателот Церар, Македонија го одбра патот на иднината, почнат е процесот за политичка стабилност на земјата, а задачата на политичките структури е да создадат добри предуслови за инвестирање, даночна политика, инфраструктура, образование, реален правосуден систем.

Двете земји имаат перспектива за заедничка соработка на полето на енергетиката, инфраструктурата, животната средина, но и во металната и електроиндустријата, прехранбениот сектор, туризмот и на други полиња.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, истакна дека воспоставеното пријателство меѓу двете земји треба да се искористи за заеднички инвестициски активности на полето на инфраструктурата, енергетиката и другите потенцијални сектори. - Владата на Република Македонија веќе работи на создавање поволни економски услови, ја позиционира државата да биде добар работодавач, работи на приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ. На тој начин и можностите за соработка со Словенија растат, кои од сегашните трговски и инвестициски активности,  може да се прошират и на други форми на соработка, - посочи Заев.

Министрите за економија на Словенија и на Македонија, Здравко Почивалшек и Крешник Бектеши, ги претставија можностите за соработка секој во својата земја. Почивалшек акцентот го стави на 6-те мерки што Владата на Словенија ги има донесено, а се однесуваат на намалените административни пречки за инвестирање, даночната и трудовата реформа, инвестирање во интелектуален капацитет, проект за мали и средни претпријатија.

Министерот Бектеши пред бизнисмените го претстави Планот за економски раст и потенцијалите и можностите за инвестирање и развој на компаниите по тој основ. Беше ставен акцент и на можностите за инвестирање во секторот туризам, конкретно во бањскиот туризам, со користење на словенечкото искуство и знаење за тоа како да се користат геотермалните богатства со кои располага и Македонија, а од кои Словенија направи успешна туристичка приказна.

На крајот на Бизнис форумот, на барање на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, словенечкиот премиер Церар даде силно уверување за поддршка на Македонија за влез во Европската унија и во НАТО, а премиерот Заев вети дека Владата на Република Македонија ќе го стимулира растот на економската соработка меѓу двете земји за да може до 2020 година истата да достигне до половина милијарда американски долари.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?