26 Април, 2024
0.0296

ПОДМЕТНУВАЊЕ ИЛИ ПРОБЛЕМ: Свиркачи до ЕМА доставиле документи за четири смртни случаи по Спутник В, од Гамалеа тврдат дека кај ниту еден не е пронајдена никаква врска со вакцината

Објавено во: Свет 11 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Геополитичката игра со вакцините, особено руската, доби нов пресврт кога непознат свиркач испрати документи до Европската агенција за лекови (ЕМА) кои покажуваат дека четири лица починале откако добиле Спутник В. 

Ова го пишува Вечерњи лист.

ЕМА соопшти дека сериозно ја сфаќа проверката на вакцините и ги испитува наводите, додека Русија потврдува дека документите се точни, но и дека смртните случаи немаат никаква врска со добиените дози. 

Сето ова се случува кога некои европски земји, а Германија е последна во низата, покажат интерес за увоз на вакцини од Русија. 

Внатрешни документи на руското тело за заштита на потрошувачи, вклучително и безбедноста на вакцинацијата РосПотребНадзор, откриваат дека починале три жени на возраст од 51, 69 и 74 година кратко време по примањето на Спутник В. Четвртата смрт не беше идентификувана во документите испратени до ЕМА. 

Но, експертите ја припишуваат смртта на компликации поврзани со срцето, белите дробови или шеќерот во крвта, тврдејќи дека руската вакцина не е нужно причина за смртта. 

Вирусологот Денис Логунов од Институтот за епидемиологија и микробиологија во Гамалеа, кој го разви Спутник В, потврди дека протекле внатрешни документи. Исто така, како коавтор на трудот за безбедноста и ефикасноста на руската вакцина објавен во списанието „Лансет“, тој рече дека сите случаи биле испитани и дека не е пронајдена никаква врска со вакцината. 

Весникот посочува дека навистина биле регистрирани четири смртни случаи во третата фаза, но е исклучена можноста вакцината да има каква било улога. 

Од ЕМА, пак, велат дека сериозно го сфаќаат извештајот. Во овој случај, наводите сугерираат дека вакцината не е безбедна, што е главен аспект на проценката пред да се даде привремено одобрување, но во овој момент не можам да го дадат својот конечен став. 

Извор: Вечерњи лист

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари