10 Мај, 2024
0.0255

Почина најбогатиот Македонец во светот и остави огромно богатство

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Обединета Македонска Диаспора (ОМД) информира дека вчера на 87-годишна возраст почина Мајк Илич,  еден најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на организацијата.

Тој и неговата сопруга Маријан се една совршена американска успешна приказна. Со своите скромни почетоци во градот Детроит, покажаа што може да се случи со напорна работа и посветеност. Тие се покажаа како вистински визионери за градот Детроит, и модели во американското општество, но секогаш горди, и никогаш не заборавајќи ги своите македонски корени и проблемите на македонскиот народ.

Во пораката до  Маријан Илич, како и до семејството Илич, претседателот и ко-основач на ОМД, Методија А. Колоски, напиша: „Моето срце сочувствува со вас поради загубата на г-дин Илич - легенда, столб, добронамерник, хуманист, горд на своите македонски корени, и одличен граѓанин - посветен на семејството, градот Детроит, Мичиген и пример за сите нас! Нека почива во мир!"

Мајк Илич (Илиевски) е основач на популарниот ланец „Малиот Цезар пица" со 4.000 ресторани за брза храна низ целиот свет, сопственик на хокеј клубот Ред Вингс, бејзбол тимот Тигри и 15% од НБА тимот на Пистонс, сите 3 од Детроит, Мичиген.

Мајк Илич беше сопруг на Маријан Илич, неговиот партнер во животот и бизнисот цели 61 година. Тие имаат седум возрасни деца Денис (Џим Scalici), Рон, Мајкл Џуниор (Ноел), Лиза (Glenn Murray), Атанас (Пети), Кристофер (Kelle), Керол, 22 внуци и три правнуци. Тој е роден во Детроит, Мичиген во 1929 година како дете на македонските иселеници Сотир Илич и Султана Tасеф Илич кои се доселиле во САД во 1924.

На 8 мај 1959 година Илич ја отвори својата прва пицерија Малиот Цезар во Гарден сити, Мичиген. Токму таа прва пицерија прерасна во најголемиот пица синџир во светот, со ресторани во 20 земји. Успехот на ланецот Малиот Цезар, му овозможи на Илич инвестиции во други бизниси за храна, спорт и забава. Сите бизниси се со седиште во Детроит и ќе продолжат да работат како семеен бизнис, предводени од претседателот и извршен директор на Илич холдингс, Кристофер Илич.

Компаниите Илич имаат 23.000 вработени со полно и со скратено работно време и пријавен приход од 3,4 милијарди долари во 2016 година. 

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили