ПО ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ВО ИДРИЗОВО: Уапсени 17 припадници на затворската полиција
Објавено во: Македонија 15 Април, 2024
Седумнаесет припадници на затворската полиција се уапсени во голема полициска акција, информираат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Уапсените затворски полицајци веќе се спроведени во Кривичениот суд.
Од ОЈО најавија дека наскоро ќе има повеќе детали и соопштение.
Минатата недела во затворот Идризово имаше голема полициска акција и претреси со специјалци поради како што тогаш информираа од Обвинителството, сомневања за кривично-правни дејствија.