19 Мај, 2024
0.0280

ПЛАТИ ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Време е да се објавува средна, а не просечна плата!

Објавено во: Економија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Додека Владата објавува историски пик на висината на просечната плата во земјава а опозицијата критикува, дел од бизнисмените и економистите велат дека за да се добие вистинска слика за висината на платите е преку слика за стандардот на граѓаните, потребно е да се мери “средна плата“. Дел од стопанствениците  велат дека растот на минималната плата на ниво на сите плати влијаел врз растот на републичкиот просек, но тоа не значи ништо за оние кои ги земаат токму просечните плати или повисоки од просекот.

Голем јаз во платите ...

Дури за 5,6% повиска просечна плата во земјава измери Државниот завод за статистика во јануари. Имено, лани во првиот месец, висината на просечната плата била 22 750 денари а годинава, изнесува 24.025 денари.  Со овој скок на висината на републичкиот просек, Владата прогласи историски успех. Според дел од бизнисмените, влијание врз  растот на просекот има  порастот на минималната плата на 12.000 денари.

“Добро е што имаме вакви показатели, но треба да се направи анализа на што се должи зголемувањето на републичкиот просек. Сметам дека удел има растот на минималната плата на 12.000 денари, и ова зголемување се одрази на вкупните плати на републичко ниво, но тоа не значи ништо за оние, на пример, кои земаат просечна плата или повисока од просекот“ , вели Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија.

Токму зголемувањето на минималната плата за сите гранки, беше и клучното објаснување на  Министерството за финасии резултираше поврзано со растот на просечната плата.

“Во минатото постоеа две нивоа на минимална плата – за индустриите за текстил, облека и кожа од 9.000 денари, а за сите други 10.080 денари. Сега минималната плата е 12.000 денари и важи за сите, бидејќи сите граѓани и работници подеднакво заслужуваат достоен живот. Над 90.000 граѓани со низок доход примаат повисока плата благодарение на оваа мерка. Ние силно веруваме дека спиралата на платите ќе продолжи во иднина и дека платите ќе растат“ – изјави  министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според податоците на министерството, во кожарството има раст на просечната плата од 2.171 денар, или  за 19 отсто, во производството на облека растот на просечната плата изнесува 2.069 денари или за 16 отсто, а во текстилната индустрија платата расте за 24 отсто, односно за 3.870 денари.

Мора да се направи разлика меѓу просечна и средна плата, и да се знае дека вистинската слика за состојбата со висината на платите се добива токму преку мерење на “средната плата“, вели Здравко Савески од “Левица“.

“Не би се сложиле дека зборуваме за историско највисоко ниво на просечна плата, туку за највисоко номинално ниво на просечна плата. Оваа плата не кажува многу за вистинската состојба со висината на платите. Имено, ако знаеме дека  80% од вработените земаат плати пониски од просекот, останатите 20 % се тие гои го “влечат“ тој републички просек, и токму поради ова просечната плата не е показател за реалните состојби а со тоа и за стандардот на граѓаните“ – вели Савески и посочува дека е време Заводот за статистика да ја објавува и средната плата.

“Просечната плата методолшки се добива како износ на сите плати на сите вработени. На пример, ако платата на еден менаџер се зголеми од 200 000 денари на 250 000 денари, тоа ќе влијае на републичкиот просек, но не и на ллатите на вработените кои се во групата на оние 80%. Средната плата пак ги зема предвид и висината на платите но и процентот на вработени, кој колкави плати зема. Ова значи дека ќе се одреди 50 от процент, како точка под која се зема одредена висина на плати, и точка над која се земаат повисоки плати, со што ќе се добие поконкретна слика за состојбата“, вели Савески.

Растот на просечната плата беше и причина за партиски препукувања.

“Денес минималната плата изнесува 12.000 денари и се однесува на сите работници во сите индустрии, а околу 90.000 граѓани добиваат повисока минимална плата. На тој начин, се отвори спиралата за раст на платите, со што порасна и просечната нето плата“ – оценија  од СДСМ.

Во Македонија нема пораст на плати, туку само промена на методот на прибирање на податоците за плата, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението на СДСМ, за зголемување на просечната нето плата.

“Дека ова е само виртуелна реалност со која СДСМ манипулира, доказ е нивото на реализиран персонален данок на доход во Буџетот на државата. Имено доколку постои пораст на просечната плата, во тој случај ваквата промена треба да се рефлектира и во буџетот“ – реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија, според официјлните податоци од наделжните институции, постои голе јаз, односно разлики во висината на платите. Најголемиот дел од вработените земаат плата пониска од републичкиот просек. Највисоки плати се исплаќаат во секторите, информации и коммуникации, над  41 000  денари, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација , близу 40 000 денари и во финансиски дејности и дејности на осигурување со просечна плата од  39.800 денари.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?