29 Април, 2024
0.0277

Платформата за онлајн настава е подготвена, но 40.000 ученици немаат компјутери, ќе учат од телевизор

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Националната платформа за онлајн настава денеска ја презентираше министерката за образование и наука, Мила Царовска, во присуство на премиерот Зоран Заев. Станува збор за платформа која е многу едноставна за користење, а наставата ќе може да се следи на македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик.

-Целта е да се одржи образовниот процес во услови на пандемија и отворање нови можности, да се работи на нови методи и пристапи како подготовка за иднината. Воведувањето на платформата како новина треба на оригинален и креативен начин да обезбеди комуникација меѓу наставниците и учениците. Преку лесната достапност до содржините се доближува образованието до каналите кои учениците често ги користат и е добра замена за традиционалното учење, истакна министерката Царовска.

При презентацијата беше прикажано дека на платформата ќе се користат сите аудио и видеоматеријали, како и брзи квизови и тестови, а освен тоа министерката потенцираше дека дури и ученици ќе може да ја дополнуваат и да ја надградуваат платформата.

Во меѓувреме, течат обуките за наставниците, а откако тоа ќе заврши, платформата ќе биде тестирана во одредени училишта.

Сепак, онлајн настава не може да следат дури 40.000 ученици во Македонија бидејќи немаат технолошка можности, компјутери и интернет. За нив, како што истакна Царовска ќе бидат достапни снимени материјали од часовите кои ќе се емитуваат на МРТВ.

– Се предвидуваат 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребни материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат, рече Царовска. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање