19 Мај, 2024
0.0542

ПИОМ ПРОДАВА АКЦИИ: Во кои фирми и зошто?

Објавено во: Економија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во април, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување започнува со продажба на удели во приватни компании. Државниот пензиски фонд се ослободува од сопстевност, стекната преку удели по различни основи. Операцијата за продажба ќе се врши преку Берза. Преку три последователни денови на тргување, почнувајќи од 11 април, државниот ПИОМ  преку Македонска Беза ќе  понуди на продажба на удели кои се помали од 50% во четири фирми. 

Така, ПИОМ го продава уделот од 15% во фирмата “Младост ДОО“ од Демир Хисар, со почетна продажна цена на акција од 441 037 денари, или вкупна вредност на уделот од близу 28 000 евра, на листата е и продажба на 11,66% сопственост на ПИОМ во “Радио Свети Николе“ од Свети Николе со почетна цена од 9 825 денари по акција, со што вредноста на уделот изнесува 640 евра, потоа се продава уделот од 3,85% во скопската фирма “Македонијапатент“ проценет на 150 евра, со почетна продажна цена 2 225 денари и во прилепски “Димкол ОГП ДОО“, удел од 1,18%  со почетна цена за акција од 26 273 денари, односно удел за прдажба со вредност од 1 700 евра. 

Годинава, ова не е прв пат ПИОМ да се ослободува од акционерска  сопственост во приватни компании. Аукции за праджба беа спроведени и на почетокот од февруари. Во февруарскиот оглас за продажба, ПИОМ ги понуди акциите во кумановската фабрика “ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД“, вкупен удел од 5,78% во вредност од 1,4 милиони евра.  Операциите за продажба на сопственост во приватни фирми се спроведуваат и во текот на минатите години. Така,  на крајот од 2015 година ПИОМ понуди на продажба обични и приоритетни акции во осум компании од различни градови и општини, Ресен, Охрид, Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Нов Дојран и Сопотница.

Во 2014 година беше спроведена една од поопсежните операции за продажба на удели во 40 компании. Почетната цена се движеше од неколку десеттици илајди денари до над милион денари. Во тој период се анализираше дека државниот пензиски фонд се ослободува од капила во фирмите за да обезбеди пари за ликвидност на фондовската каса. Лани, поради изборите, беа замрзнати операции за продажба на државне капитал, а во 2016 година, според податоците, 

Според последните достапни информации, од дивиденда и од продажба на акции и удели во 2016 година се остварени средства во износ од 20,99 милиони денари, и тоа: од дивиденда 0,21 милиони денари и од продажба на акции и удели 20,78 милиони денари.  Продажбите на удели на ПИОМ во фирмите значајно не ја менуваат состојбата со финасиската неодржливост на фонодт, чија зависоност од Буџетот расте од година во година, па така скоро половина од потребните финансии се обезбедуваат од централната власт. 


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?