Пендаровски: Македонија треба да го признае минатото, а Бугарија треба да ја признае реалноста
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020
Претседателот на државата, Стево Пендаровски во Топ тема на Телма вечерва изјави дека ни на крај на памет не им е да прават промени во Уставот.
Во однос на Договорот склучен со Бугарија, вели дека нема потреба од некакви анекси.
„Македонија треба да го признае минатото, а Бугарија треба да ја признае реалноста“, рече Пендаровски.
Вели дека Германија има визија за регионот. Претседателот се надева дека историчарите ќе тргнат напред, откако беа во „замрзната“ ситуација.
Педаровски објаснува дека Македонија сепак не го потценила Договорот со Бугарија. Наведува дека тој отвори перспективи за нашата земја.