20 Мај, 2024
0.0250

Hike & Ride

Пелагонија создадена за авантура

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Кога се работи за Пелагонија, помислата на луѓето и стварноста често се разидуваат. Суштината на Пелагонија се многу бои, мириси, вкусови и најважно од се, многу приказни. Приказни кои содржат традиција, чиста природа, култура, забава. Една од нив се вика Hike & Ride а за Вас ја спакува и раскажа Туринг Македонија (www.touringmacedonia.mk). 

Hike & Ride е дводневна авантура која љубопитните авантуристи ќе ги поведе на јавање маловишки коњи, посета на чудотворниот манастирски комплекс Св. Ана и планинарење со професионален водич низ Националниот Парк Пелистер. Селото Маловишта, вгнездено на 1.100 н.в. е ехо на минатите времиња. Уникатно по својата градска архитектура, големата катедрална црква, сокаците поплочени со природен камен, ова село својата изолираност ја претвора во предност и на посетителите им нуди никогаш видено доживување.

Манастирот Св. Ана над село Маловишта се посетува јавајќи низ илјадагодишна шума на некој од славните маловишки коњи. Поради своето чудотворство, Св. Ана претставува култно место не само за локалниот народ, туку и пошироко. Овде, во дворот на новоизградениот конак, уживањето во македонски традиционален оброк е во друштво на мирот и тишината на недопрената природа. Десертот е резервиран за пчеларникот БН во село Дихово, каде се дегустираат домашен мед и медни производи.

Вториот ден од приказната е резервиран за планинарење низ Националниот Парк Пелистер предводени од професионален водич. За време на планинарењето се искачува врвот Ветерница на 2.240 н.в. од каде се ужива во најдобриот поглед од Баба Планина: Олимп, Преспанското Езеро, Галичица, Јабланица и Пелагониските полиња. Кулминација на планинарењето секако е посетата на Големо Езеро, најубавото ледничко езеро во Македонија. Овде, хранејќи го духот со сензорни наслади, потрошената енергија најдобро се надополнува со македонска традиционална закуска - домашно ѓомлезе.

Сега секој може да го открие скриеното богатство на Пелагонија и да ужива.   

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО