19 Мај, 2024
0.0275

Партијата на Фицо го загуби мнозинството на парламентарните избори во Словачка

Објавено во: Балкан 06 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Партијата на премиерот на Словачка Роберт Фицо победи на парламентарните избори во земјата, покажуваат речиси целосно обработените резултати од гласањето, но достигнувањата на опозициските партии, вклучувајќи ги и оние на десничарските, ќе го усложнат формирањето на новата влада, пишува „Guardian“.

Фицо чии антиимиграциони ставови одговараат на оние на соседните како Полска и Унгарија, освојија 28,7% поддршка - доста над останатите, но помалку од очекуваните 35% според анкети. Ова го покажуваат податоците од обработката на 91% од регионите.

Изборите во Словачка се внимателно следени од Брисел, бидејќи земјата треба да го преземе ротирачкото претседателство на Европската унија во јули. Ова значи дека земјата ќе има поголема улога при разгледувањето на политиката на ЕУ во врска со бегалската криза.

Партијата на Фицо „Смер - социјална демократија“ удри на комбинација од популарни потези, како што се бесплатни превози со воз на студентите и пензионерите, и несогласувањето со приемот на бегалци, во обид да си обезбеди трет мандат, откако успеа во периодите 2006-2010 г . и 2012-2016 година.

Резултатите покажуваат дека најмалку осум политички групи можат да освојат места во новиот парламент.

Фицо, кој се надеваше да управува само со еден помал коалициски партнер, вели дека за изградбата на нова коалиција во еден високо фрагментиран парламент ќе биде потребно време и ќе биде тешка задача, со оглед на „многу сложените“ изборни резултати.

„Како партија која победи на изборите, должни сме да се обидеме да изградиме една значајна и стабилна влада“, коментира Фицо за новинарите. „Тоа нема да биде ниту малку лесно“ рекол тој.

Фицо, кој го отфрла мултикултурализмот како „фикција“, вети дена никогаш нема да ги прифаќа квотите за распределба на бегалците во ЕУ, кои пристигнуваат во Грција и Италија од Сирија и други земји.

Словачка има малку муслиманско малцинство, а како целина преку територијата на земјата не поминаа голем број бегалци.

Противниците на Фицо го опишуваат како популист, кој ја занемарува потребата од реформи во образованието и здравството. Сепак повеќето опозициски партии во земјата се согласуваат со тврдите позиции на Фицо во однос на муслиманските имигранти.

Ако Фицо не успее да собере кабинет, група десничарски партии може да се обидат да формираат широка, но веројатно нестабилна коалиција против него, повторувајќи ги настаните од 2010 година.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс