19 Мај, 2024
0.0260

Парно греење: Во каква „игра“ се Топлификација, БЕГ, ТЕ-ТО и Шилегов

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Што ќе се случува со испораката на топлинска енергија до граѓаните во Скопје кога ќе почне грејната сезона годинава е моментно прашање од милион долари. Заплеткани сопственички врски, долгови, стечаи, нови претпријатија кои се во трка да ја дистрибуираат енергијата до домаќинствата кои е приклучени на градската мрежа. Голем удел во тоа има новиот закон за енергетика кои значајно ја смени поставеноста на играчите, но не помалку за хаосот придонесува и ескалацијата на наталожените проблеми меѓу нив во сето време кое помина досега. Моментно, компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ) ги има лиценците за производство, пренос и дистрибуција на топлинска енергија. Во таа улога е од 2013 година, а тоа набрзо, барем според најавите може да се промени поради тоа што град Скопје веќе формираше ново претпријатија за дистрибуција на енергијата до домовите, за што градоначаникот Петре Шилегов основа влече од новиот Закон за енергетика кое тоа го дозволува. Ако тоа се случи дали БЕГ ќе остане производител, што ќе прави Топлификација во случајот и како и гасната централа ТЕ-ТО е вклучена во процесот?

ДАЛИ ТОПЛИФИКАЦИЈА ЌЕ ГИ БАРА ТОПЛАНИТЕ НАЗАД

Топланите на кои БЕГ моментно ја произведува енергијата се на Топлификација. Таа во 2012 година се откажа од лиценците за производство и дистрибуција, па истите ги даде на тогаш новоформираната БЕГ. Таа требаше за закупот да и плаќа на Топлификација, а сега веќе е јасно, дека по таа основа е насобран долг, па Топлификација беше и една од доверителите кои побара да се отвори стечај за „БЕГ производство“, една од фирмите на Балкан енереџи груп, која не работела рентабилно. Ако, сега БЕГ ја изгуби дистрибуцијата, можно е како што дознава Фактор, Топлификација повторно да ги бара топланите назад, па ситуацијата да се врати на ниво до пред шест години. Тоа ќе значи и дека БЕГ на некаков начин ќе остане без работа во овој дел односно ќе остане и без дистрибуцијата и без топланите иако засега го поседува лиценците. Ова се непотврдени информации, иако многу работи секако зависат и од развојот на настаните со новоформираното претпријатија со кое Шилегов планира да ја дистрибуира топлинската енергија до домовите во Скопје. Тој уште не побарал лиценца, но како што се тврди прашање на време е кога тоа ќе се случи. Градските власти сметаат дека законот е дециден - производството, преносот и дистрибуцијата се одвоени, како и сега што сите дејности ги вршат посебни фирми на БЕГ. Вели во ситемот на електрична енергија се ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ, секој со посебна функција. Мрежата е на државата, таа ја дала на Топлификација, а Топлификација на БЕГ.

Познавачите сепак имаат дилема дали на ваков начин во новата сезона граѓаните би имале поевтино парно, оти трошоците на новото претпријатие ќе се поголеми. Други велат дека секако цената нема да се зголеми, оти на таков начин градските власти ќе одржуваат и социјален мир евентуално.

ТЕ-ТО ВАЖНА АЛКА, БЕГ И ШИЛЕГОВ ВО КОСТЕЦ

Додека се кршат копјата околу дистрибуцијата, многу од неодговорените прашања се кај приоизводителите на топлинската енергија, оти во тој дел голем удел има гасната централа ТЕ-ТО, која пак е во должничко доверителски односи со Топлификација. 

Ова друштво учествувало во изградбата на централата со кредит кои го позајмила со залог на акции. Кредиот не е вратен до сега, па ТЕ-ТО, како што тврдат од Топлификација веќе со камати им должи околу 30 милиони евра. За ова има и одлуки на Врховен суд, но гасната централа моментно е во предстечајна постапка. Топлификација тврди дека стечајот е лажен, од ТЕ-ТО велат дека газдите имаат план за реорганизација за да се зголеми рентабилноста на компанијата која досега не работеше добро. И додека судот даде зелено светло за планот, директорот на Топлификација, Димитар Хаџимишев тврдеше дека со тоа и тие и банката ќе нема да можат да го наплатат побарувањето, што, како што вели тој е смислено сценарио.

Во мај годинава дури Битар холдинг побара да се отвори стечај за Топлификација затоа што ова друштво им должи милион евра, пари кои биле предмет на договор на заем. 

Aлександра Томиќ 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?