15 Мај, 2024
0.0411

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Актуелниот и претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и Дарко Каевски демантираат злоупотреби со спортските ваучери и го отфрлија отворањето на предметот на ОЈО инициран од Државната комисија за спречување на корупција како политички мотивиран. 

Функционерите на актуелната власт се обвинети за злоупотреба на службена положба. Се гони уште едно познато име  во спортот, актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски, за несовесно работење за време на неговата функција како претседател на Централната комисија за доделување на ваучерите.

Тие и уште 9 лица се обвинети дека ја оштетиле државата при распределба на парите наменети за федерациите, клубовите и спортистите кои добиваа ваучери, а одредена фирма се согласува да го реализира под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

„Ги сметам за тенденциозни „мистериозно“ протечените информации во јавноста. Очигледен е тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докаќат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори, изјави Наумче Мојсовски.

Каевски порача дека обвинувањата против него се неосновани и тенденциозни и дека не го прекршил законот и тоа ќе се докаже.

„Очекувам и во исто време сум убеден дека во една јавна, гтранспарентна, фер постапка ќе се докаќе вистината и целосна моја невиност. Не навлегувам во мотивите на ОЈО да бидам опфатен со ваква постапка. Постои сомнеж дека оба можеби е злоупотреба за изборната кампања, но едно е сигурно - вистината ќе се потврди дополнително на ова вештачење е од 25.042024, ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен на три работни дена потоа, вели Дарко Каевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното