17 Мај, 2024
0.0274

Пандемијата ги промени навиките на граѓаните – какви недвижности купуваат?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Откако почна пандемијата на коронавирусот, од агенциите за недвижности забележале дека се промениле навиките на граѓаните за купување на имоти.

Велат дека најчесто се бараат станови, за сметка на куќите. Дел од граѓаните се заинтересирани и за купување на плацеви за градење на викендички. Голем интерес за станови има и во главниот град, но и во внатрешноста на Македонија.

„Најмногу се бараат нови станови од 40 до 50 квадрати. Има зголемување на цените најверојатно поради зголемената побарувачка. Од март наваму сме продале 20 станови, но ниту една куќа, иако имало интерес, не се реализираше купопродажба. Се бараат и плацеви, но за плац за викендица размислуваат оние кои веќе имаат станови“, велат од Атлас недвижности од Скопје.

Од битолска агенција за недвижности објаснуваат дека во градот има доста куќи кои се нудат на продажба, но тие држат цена, а граѓаните најчесто купуваат мали станови. Сметаат дека поради ситуацијата, самите граѓани не можат да си дозволат да купат поскап имот, туку се трудат да го решат станбеното прашање во рамки на можностите.

„Луѓето поради брзото тeмпо на живот, купуваат мали станови, затоа што немаат време да се занимаваат со одржување на двор и слично. Но, доколку станува збор за поголемо семејство, со повеќе членови тогаш бираат куќа. Сепак, куќите се поскапи и држат цена“, велат од битолска агенција.

Во соседниот град Прилеп пак објаснуваат дека откако почна пандемијата работата оди многу тешко, не се бараат ниту куќи, ниту станови. Според нив, едвај опстануваат со обемот на работа кој го имаат.

Снежана Динева, сопственичка на агенцијата „Простор“ од Струмица вели дека во градот се бараат станови со површина од 65, 70 или 80 квадрати, од причина што таквите градби се најчести.

„Куќите се поевтини по квадрат, но бидејќи се габаритни, цената излегува повисока. Луѓето избегнуваат куќи, затоа што има многу други трошоци околу нив, поправки. Летово имавме работа, но сега е слабо, затоа што поради пандемијата луѓето кои се во странство не дојдоа и помалку се купуваат имоти“, раскажува Динева.

Пандемијата на коронавирусот го погоди и овој сектор. Граѓаните живеат во неизвесност, стравуваат за тоа дали ќе имаат стабилни примања, и тоа влијае на одлуката дали ќе купат имот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија