19 Мај, 2024
0.0324

Пакомак продолжува со донации низ Македонија

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Компанијата Пакомак продолжува со инвестиции низ земјава во контејнери за комунален отпад, кои ќе овозможат селективно собирање на амбалажниот отпад, поголема хигиена и зачувувањето на животната средина. Денес во општина Ресен беше извршено примопредавање на 25 сини специјализирани пластични контејнери од 1,1 m3 за собирање хартија и композит, 25 жолти специјализирани пластични контејнери од 1,1 m3 за собирање пластика и лименки и 30 канти од 120 литри.

“Компанијата Пакомак инвестираше во комуналната инфраструктура на Ресен и постави 50 контејнери за селектирано фрлање на отпадот кои ќе бидат поставени во јавниот простор и во основните училишта на нашиот град. Ги замолувам нашите граѓани да ги користат новите контејнери и да го фрлаат својот отпад одделно. Само на тој начин истиот ќе биде однесен на рециклирање и наместо како отпад - ќе заврши како нов, корисен производ. Со промена на нашите навики ќе ја промениме на подобро и животната средина во којашто живееме и севкупно ќе придонесеме кон подобрување на комуналната инфраструктура во градот“, изјави Љупчо Крстевски Ген. Дир. на ЈКП Пролетер од Ресен.

pakomak 1

И понатаму ќе продолжиме со инвестиции во комунална инфраструктура низ републикава бидејќи во некои општини се уште нема доволно контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање на отпадот од пакуавње. Наша цел е, се разбира во соработка со локалната самоуправа, таа слика да се смени и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се за ПЕТ, хартија и лименки. Амбалажниот отпад учествува со најмалку 20% од вкупната тежина на комуналниот отпад  кој го фрлаат граѓаните. Во иднинна продолжуваме и со останатите едукативни кампањи со цел да ги поттикнеме луѓето да дадат свој личен придонес, односно  да продолжат со примарна селекција на пластичните шишиња, лименки и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, најчесто  жолт или син по боја, се разбира во оние место каде нив ги има”, изјави Игор Макалоски оперативен менаџер во Пакомак.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) позитивно ја оцени апликацијата на Пакомак за продолжување на дозволата за работа за постапување со отпад од пакување доставен од страна на компанијата Пакомак и на 12 ноември 2015 година и официјално ја продолжи дозволата на ПАКОМАК за следните пет години. Во моментов Пакомак има склучено договори со компаниите кои што создаваат 42% од вкупниот отпад од пакување во Македонија, има договори со 16 општини од Република Македонија за организирано одделно собирање на отпадот од пакување, и е единствена компанија од Македонија приклучена на интернационалната мрежа за управување со отпад од пакување ProEurope и ја има лиценцата за употреба на симболот “Green Dot”. Пакомак оваа година доби и национална награда за општествено одговорни практики од Министерството за економија на РМ. Во досегашново петгодишно работење преку системот на Пакомак се собраа и преработија над вкупно 49.000 тони амбалажен отпад, кој што се состои од: хартија, пластика, стакло (кое досега никој не го собираше, ниту локалните компании имаат капацитет за рециклирање), како и композит, метал и дрво.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО