26 Април, 2024
0.0271

Пад на нарачките за автомобилските компании во земјава и годинава: Алармот свети, локомотивата под удар

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber


Пад на извозот во автомобилската индустрија од 14 проценти е регистриран на годишно ниво во Македонија. Дополнително проблемите со недостигот на микропроцесори од декември лани па наваму веќе резултира со намалување на нарачките во секторот за првиот квартал. Според анализите досега, во првиот квартал нарачките се намалени од 10 до 20 отсто под планираното. Ова е лош показател за домашната извозна локомотива, за компаниите кои впрочем креираат голем дел од извозот на земјата, кој пак е клучен за домашниот БДП. И покрај тоа што 2021 година, се очекува да е година на заздравување и поголем раст, се чини старот не е баш сјајен – не ако се анализираат големите извозни компании. Инаку компаниите од автомобилската индустрија беа меѓу најпогодените од кризата, а тие пак се сметаат за клучен двигател на идниот раст на земјата. Додека Владата го креира петтиот пакет антикризни мерки, детална анализа на состојбата покажува дека во услови на лоши околности од Европа, потребни се стимулации и за овие компании.

Виктор Мизо, директор на Костал и претседател на Асоцијацијата на производители со високо напредно технолошко производство вели дека проблемите со недостиг на процесори кои ќе предизвикаат пад на нарачките под планот можно е да ги пролонгира проблемите на компаниите од автомобилската индустрија дури до третиот квартал од оваа година. Истовремено побарувачката на возила поради дополнителните рестриктивни мерки во повеќе земји во Европа како последица на пандемијата следени со забавениот процес на вакцинирање, вели тој, резултираат кон дополнителен надолен тренд на производство на возила.

Во Западна Европа во јануари годинава продажбата на возила се намалила за 22 отсто.

„Оваа состојба директно влијае и на производствените компании присутни во земјата кои за разлика од оние во Европа, дополнително се соочуваат и со многу други предизвици – недостиг на квалификувана и обучена работна сила и ограничен пазар на труд, ниво на продуктивност која е поникса како резултат на де-индустријализацијата на земјата за време на транзицијата па се до 2010 година и е потебен подолг период на обука за да се достигне глобалното ниво, како и непотребните административни процедури, вели Мизо.

На барање на извозните компании Владата ги усогласи царинските стапки за репроматеријали со тие во ЕУ и тоа според Мизо придонесува за зголемување на конкурентноста на домашното производство. Сепак вели дека дополнителен проактивен пристап на адресирање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат странските компании во земјава ќе придонесе за зголемена сигурност и доверба која може и треба да резултира со потенцијал за доинвестирање на постоечките компаниии и проширување на обемот на производство.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервјуто за Фактор на констатацијата дека мерките генерално се направени за компании кои и покрај помошта не се тие кои ќе ја влечат домашната економија напред, а такви се само 300  до 400 компании за кои овие мерки не ни беа апликативни рече дека Владата вбризгала 70 милиони евра за поддршка на инвестиции.

„Сите ги добија тие пари на крајот на годината. Една таква фабрика од Битола ми соопшти дека со овие пари ќе почне нов циклус инвестиции. Може оваа поддршка не беше дел од пакетите, но е обврска која секако беше поддржана. Затоа имаме раст на јавниот долг – ние успеавме да финансиравме се што беше обврска и исплатено е се 100 отсто, рече Битиќи.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија