20 Мај, 2024
0.0265

Отворен првиот ресторан со нов концепт на Гудис

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје, отворен е првиот ресторан со брза услуга „Гудис бургер хаус“ (Goody’s Burger House) што ќе функционира според новиот концепт на познатиот синџир Гудис (Goody’s).

Новата франшиза на Гудис во земјава по својот современ модел на функционирање и уникатните карактеристики се разликува од постојните класични сендвичарници.

- Во „Гудис бургер хаус“ се е фокусирано на потребите на гоститеи нивното автентично искуство во опуштена атмосфера во која владее современа естетика. Тука гостите добиваат супериорна и брза услуга, а при тоа се е направено за да се чувствуваат како во ресторан од висока класа.Тоа е сосема нов концепт во овој брзо растечки сегмент на угостителскиот бизнис, во кој „Гудис“, со своите високи стандарди и искуство, сериозно се наметнува како број еден бренд во Југоисточна Европа - објаснува директорот на „Гудис бургер хаус“, Зоран Лојаница.

goodys 1

Главнината на менито на „Гудис бургер хаус“ го сочинуваат повеќе видови бургери од 100% чисто говедско месо, како и вариетети на сендвичи и скара од пилешко месо.Целокупната храна се подготвува од сировини со највисок квалитет и тоа веднаш по нарачувањето од страна на гостите, што дополнително придонесува таа да се послужи во екстра свежа состојба и со гарантиран вкус кој ги има задржано сите оригинални ароми.

За севкупното високо ниво на искуството на гостите во ресторанот се грижи специјално  обучен персонал со богато искуство, подготвен во секој момент да ги пречека сите гости, да им го објасни детално целокупното мени и да им помогне во изборот. За подготовка на храната се грижат вешти готвачи кои посетувале специјална обука за подготовка на ваков вид храна.

Менаџментот на „Гудис бургер хаус“ се надева дека современата атмосфера, високите стандарди и автентичното мени на овој ресторан со брза услуга ќе придонесат тој да биде ново гастрономско обележје на Скопје, кое набрзо ќе се прошири и на други локации во градот и ширум земјата.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО