Османи: Велес и Прилеп треба да имаат двојазични табли
Објавено во: Македонија 01 Март, 2020
Откако неодамна беа искршени двојазични табли на две подрачни државни институции во Велес и прилеп, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска реагираше дека таму сепак тие се нашле прописно.
Посочи дека доколку општината со својата државна подрачна единица покрива најмногу една општина во која се зборува јазик на малцинските заедници согласно Законот, тогаш треба да има двојазична табла.
„Во Велес тоа е Чашка, а во Прилеп – Долнени“, рече Османи.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претходно на ТВ-дуелот во петокот рече дека поставувањето на двојазичните табли насекаде низ Македонија можеби не било добро обмислено.