ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата
Објавено во: Македонија 16 Април, 2024
Претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи ги прекина активностите од кампањата предвидени за денеска, поради, како што соопшти на својот Фејсбук профил, здравствени причини.
„Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата. Се надевам дека ќе бидам со вас на трибината вечерва ако сè биде добро. Ви благодариме за разбирањето!“, напиша Османи.
Во тек е кампањата, а кандидатите за шеф на државата одржуваат митинзи и средби со граѓани.foto Facebook/Bujar Osmani