19 Мај, 2024
0.0263

Опасност од домино ефект преку Балканскиот пат: Земјите ги затвораат границите за бегалци

Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Од утринава влегуваат во сила ограничувањата со кои Словенија ги наложува при пропуст на мигранти на своја територија.

Љубљана одлучи да им дозволи на најмногу 1.000 луѓе дневно да ја преминуваат границата.

Причината е дека следната земји по миграциониот пат - Австрија, најави дека оваа недела ќе воведе ограничувања за влезот во основниот граничен премин со Словенија.

Соопштението на австриските власти предизвика верижна реакција на земјите во т.н. Балкански пат на мигрантите.

Министерот за надворешни работи на Хрватска Миро Ковач предупреди дека ако Австрија ги затвори границите за бегалци, веднаш по неа истото ќе го направи и Словенија, а Хрватска ќе биде принудена да ги преземе истите мерки.

„Нашата цел е да имаме ефикасна соработка со Словенија, Србија, Македонија, Грција, Австрија и Германија. Ако Австрија ги затвори своите граници сосема логично е потоа Словенија да го стори истото, а ние ќе бидеме принудени да постапиме на ист начин“, рече Ковач пред телевизија RTL.

Ако дојде до нарушување на миграциониот поток во западна насока, тогаш Хрватска ќе ги затвори границите со Србија, а Србија со Македонија, појасни хрватскиот министер за надворешни работи. „Така ќе се дојде до домино ефект. ЕУ мора да дејствува глобално и да сфаќа што се случува во Сирија. Големите сили во ЕУ носат најголема одговорност“, истакна Ковач.

Поради најавената намера за ограничување на бројот на мигрантите, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, исто така, најави дека ако Австрија ги затвори границите за бегалци, Србија ќе биде принудена да го стори истото. „Вознемирени сме од недостатокот на обединета позиција на ЕУ, како и од нејасноста што да се прави во иднина. Мерките кои се преземаат од одделни држави, не ставаат во тешка ситуација“, рече уште Дачиќ за „Deutsche Welle“.

Однесувањето на Србија ќе зависи првенствено од мерките кои ќе ги преземат земјите од т.н.. „Балкански пат“, појасни Дачиќ.

Во меѓувреме денес државите и влади на Унгарија, Полска, Чешка и Словачка ќе разговараат за мерки за заштита на границите на ЕУ во услови на миграциона криза. На самитот на Вишеградската група се поканети и ќе присуствуваат и бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. На средбата ќе се разговара за подобро обезбедување на границите преку Балканскиот пат.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс