Оливер Спасовски: Приведените во вчерашната акција не се ситни риби
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, ја поздрави вчерашната акција „Рибар“ на Финансиска полиција во која беа уапсени дваесетина бизнисмени, банкари и сметководители Станува збор за затајување на данок и местење на тендери, а буџетот на општините Тетово и Гостивар е оштетен за еден милион евра. Министерот најави се повеќе истраги и детекција на криминал од ваков тип
- Нема ситни и крупни риби, туку има луѓе кои се криминалци и луѓе кои не се криминалци. Секако фокусот треба да остане најмногу на високата корупција. Но мислам дека овде не се работи за ситен криминал, бидејќи оштетени се буџети од еден милион евра, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за време на приемот на донација од страна на амбасадата на САД,
Петмина осомничени по вчерашната акција се лишени од слобода и за нив надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган, како и привремено одземање патна и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова.