19 Мај, 2024
0.0267

ОКТА со поддршка на еко-акција во Општина Илинден

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

ОКТА активно се вклучи во еко-акцијата на општина Илинден „Со зеленило против загадувањето“. Компанијата донираше садници бреза, кои беа засадени во паркот во близина на спортската сала „Гоце Делчев“ и детската градинка во населбата Илинден. Во акцијата за зазеленување учествуваше менаџерскиот тим и дел од вработените во компанијата. Со оваа активност, ОКТА како општествено одговорна компанија, уште еднаш ги потврди заложбите за почиста и поздрава животна средина.

Секое засадено дрво е важно и придонесува во благородната мисија за создавање почиста животна средина за сегашните и за идните генерации. Токму затоа ОКТА се приклучи и го поддржа проектот за зазеленување на општина Илинден. Компанијата останува искрен пријател на локалната заедница со поддршка на активности во образованието, културата, екологијата кои значително ќе помогнат во создавањето подобри услови за живот на граѓаните од оваа општина. 

Во акцијата исто така учествуваа ученици, вработени во јавните претпријатија и во општина Илинден, како и жители на населбата. Во рамките на овој проект за зазеленување на општина Илинден се опфатени 26 локации на површина од 80.000 метри квадратни.


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО