20 Мај, 2024
0.0255

Охридска Банка, Групација Сосиете Женерал наградена со сертификат за посветеност во финансирањето проекти за одржлива енергија

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

На свечената церемонија којашто се одржа во Загреб, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал (ОБСГ) ù додели сертификат за посветеност кон финансирање проекти за одржлива енергија.

Award

Проектите се финансирани преку кредитната линија WeBSEFF (Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан) развиена од ЕБОР, а достапна преку локалните банки за инвестиции коишто поттикнуваат одржлива употреба на енергијата.

ОБСГ беше прва банка во Македонија што пласираше средства за финансирање проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија, со потпишување на договорот WeBSEFF 1 со ЕБОР во 2010 година. Соработката продолжи со потпишување на WeBSEFF 2 во 2013 година. Во изминатиот период, ОБСГ помогна во реализација на бројни проекти од овој вид. Проектот на компанијата „Киро Дандаро“ од Битола, финансиран преку кредитната линија WeBSEFF од страна на Охридска банка, Групација Сосиете Женерал, беше награден во категоријата подобрување на енергетската ефикасност во производствениот процес за поголема заштита на животната средина.

Certificate

Зголемувањето на побарувачката за природни ресурси, урбанизацијата и важноста на животната средина создаваат растечка потреба за инвестирање во енергетска ефикасност и во обновлива енергија. Енергетската ефикасност и обновливата енергија даваат огромни економски и еколошки придобивки, поради што постои речиси неограничен потенцијал за проекти од овој вид. ОБСГ ќе продолжи со финансирање и поддршка на проекти за обновлива енергија и енергетска ефикасност, помагајќи на тој начин за зголемување на продуктивноста на економијата и засилување на транзицијата кон просперитетна нискојаглеродна иднина.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО