20 Мај, 2024
0.0251

Охрид во фокусот на вечерашната епизода на Алхемија на Балканот Македонија

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Вечерва во 21:30 часот на програмата на Ал Џезеира Балкан ќе се емитува третата епизода од серијалот Алхемија на Балканот Македонија.

Поголемиот дел од емисијата е снимена во Охрид, место кое долго се памети и кое чува историски спомени.  Во градот има неколку десетици православни цркви, а легендата вели дека своевремено имало дури 365, по една црква за секој ден во годината.

Младиот стручњак Љупчо Кумбаровски , кој е многу повеќе од туристички водич,  ни ги покажа главните храмови во градот.  Градоначалникот на оваа општина, Никола Бакрачески потсетува дека во Југославија ова бил индустриски град, но дека поголемиот дел од погоните се пропаднати и дека луѓето се свртеле кон туризам.

Можеби денес се живее малку подобро, но владее голема несигурност, па затоа луѓето се уверени дека минатото било подобро.

Ал Џезеира Балканс 1

Ја потсетивме старата работилница за правење хартија.  Импресивно е да се види колку работи и вештини се потребни за да се изработи еден лист хартија , да се отпечати книга.  Ќе можете да го видите и процесот кој е ист како и пред пет векови.

Двете охридски семејства, Филеви и Талеви сметаат дека се единствените наследници на тајната изработка на бисери која ја донеле Русите пред 100 години.  Тоа е релативно добар бизнис во Охрид и со него се занимаваат многу луѓе, а купци има во текот на целата година.

Екипата на Ал Џезеира помина и во Струга која е исто така на Охридското езеро, а на патот од Охрид кон Св. Наум го снимивме и местото каде „Билјана платно белеше“, како што се кажува во познатата македонска песна  на која и  се тажело и се веселело во многу екс-југословонески меани.

Не пропуштајте ја третата  епизода, вечерва во 21.30 ч. на Ал Џезеира Балканс.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО