29 Април, 2024
0.0302

Охрид СОС: „Дивелоп груп“ треба да го врати земјиштето, зошто не го изградил досега огромниот хотел

Објавено во: Македонија 14 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Охрид СОС побара од „Дивелоп груп“, компанија со релации до поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, да ја врати атрактивната парцела до Охридското Езеро и Национален парк Галичица кај Горица 3 бидејќи дури по 12 години започнува да го гради хотелот, наместо како што било пропишано.
Активистите оценуваат дека парцелата е купена од Министерството за транспорт и врски без изготвена студија за оцена на влијанието врз животната средина. Велат не е одржана јавна презентација и расправа за студијата и предлог-проектот за оваа катастарска парцела. 
„На одржаното јавно наддавање, постигната е највисока цена од 4010 денари за метар квадратен, односно за вкупната површина од 15.878 метри квадратни е постигната сума од 63 милиони и 670 илјади денари. Земјиштето го добива „Дивелоп груп“ ДООЕЛ Скопје“, реагираат од СОС Охрид.
Од таму велат дека во меѓувреме локацијата е зафатена од неколку пожари, а исечени биле и здрави стебла, кои не биле зафатени од огнената стихија. Теренот се чисти и заградува со метална ограда. Така останува со години.

„Во 2022 година, судот привремено го замрзнува и имотот на „Дивелоп груп“. Новата власт, која на сите страни заговара правда, која декларативно најавува борба против криминалот и корупцијата и ревидирање на штетните активности на нивните претходници, има правни инструменти, преку клаузулите на договорот, да го поништи и врати земјиштето повторно во државна сопственост. Според став 1 од членот 66 од Законот за градење, одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно. 
Дополнително, во став 3 од истиот член, е наведено дека „доколку градбата започнала да се гради по истекот на рокот од ставот (1) на овој член, се смета дека градењето е бесправно“. Општина Охрид издала одобрение за градба под УП1-10-154 од 6.4 2012 година, за изградба на хотелски комплекс - објект од втора категорија на градба на КП 5985/4 во КО Охрид 4 и дека инвеститорот ќе можел да ја започне градбата откако ова одобрение ќе станело извршно во управната постапка. Одобрението за градење станало правосилно. 
Сепак, градежните работи започнуваат дури на почетокот на 2024 година, безмалку 12 години откако е издадено одобрението за градба, иако според член 4 од договорот купувачот имал обврска да го заврши објектот во рок од 6 години од добивањето на одобрението, односно до април 2018 година. Законските обврски се избегнале во колаборативна спрега „Дивелоп груп“ – Општина Охрид. Во 2013 и 2020 година се склучени два анекси на договорот, со кои на „Дивелоп груп“ ѝ се дало комоција да ја одолговлекува процедурата, но да не го изгуби земјиштето. Имено, сметањето на почетокот на градба, односно рокот за изградба, било врзано со уредување на градежното земјиште. 
За таа цел Општина Охрид наплатила 29.700.000 ден. од „Дивелоп груп“ во 2012 г., но земјиштето не го уредила, со што ја доведува во прашање оправданоста од отуѓувањето на државно земјиште. Одолговлекувањето на уредувањето на земјиштето, за што пак инвеститорот никогаш не се пожалил, довело до активирање на казнените одредби од договорот и на тој начин Општина Охрид кешира цели 30.561.247 ден. И волкот сит, и овците на број! Наместо Општина Охрид да го заштити јавниот интерес и да го врати земјиште во државна сопственост, градоначалниците се ориентирале на „молзење на кравата“, пари кои не знаеме како се искористиле и дали придонеле за јавното добро. Во секој случај играта помеѓу „инвеститорот“ и Општина Охрид, им овозможила на „Дивелоп груп“ да го зачуваат ова бесценето парче земја кое граѓаните засекогаш го изгубија“, објаснува СОС Охрид.

Во моментов има отворен коп на локацијата. Планираниот хотел, според добиениот УПВНМ е дури и поголем од хотелот „Инекс Горица“, мега-градба на цели 6 нивоа на врвот на Горица, сметаат активистите. 
„Се случи градежната машинерија на терен, одново се загради целиот простор на локацијата и почна да се остварува планот зацртан пред 13 години“, коментираат од организацијата. Велат овој проект никогаш не бил доставен ни до Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион, ниту пак урбанистичкиот план бил ревидиран од аспект на неговата усогласеност со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2020-2029).



Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи