26 Април, 2024
0.0260

Од коронавирусот на удар приватните компании, во предизборие малку може да им се помогне

Објавено во: Економија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Малку ќе биде изводливо Владата да носи одлуки за даночни олеснувања и каква било помош за фирмите кои ќе имаат некакви последици од мерките и ограничувањата поради ширењето на коронавирусот. Клучна причина за тоа е предизборието, односно Македонија сега нема функционален парламентарен состав кој би носел законски измени за какви било мерки. Владата е техничка и носи одлуки кои имат важност, но за мерките кои се бараат ќе има потреба и од промени на законите што сега е малку изводливо. Приватните компании денеска реагираат дека почнале да чувствуваат дека ќе имааат негативни последици од ширењето на заразата и од преземените и други евентуални мерки. Данела Арсовска од Сојузот на стопански комори вели дека на приватниот сектор може да му се помогне на различни начини, преку одвојување средства во Буџетот, привремено ослободување или одложување на плаќањата на даночните обврски или преку поволни кредитни линии и можности за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките.

-Не треба да се дозволи компаниите да не можат да ги остварат планираните активности особено оние кои имаат производни процеси поврзани со извоз во земји кои ни се традиционални трговски партнери, вели Арсовска.

Фактор праша во Министерството за финансии дали е возможно на компаниите  да им се помогне на каков било начин, па најавениот одговор ќе го објавиме кога ќе биде испратен. Познавачите ги потенцираат како примери олеснувањата кои Италија им ги даде на фирмите во време кога земјата остана во целосна изолација поради ширењето на коронавирусот. Впрочем во Италија има даночни олеснувања и други дирекни стимулации за помош на фирмите кои трпат загуби од наметнатата криза. Слични мерки има и во САД, Германија, Словенија

Макеоднската влада вчера соопшти дека ги затвора училиштата и другите воспитно образовни установи, а по еден родител на деца под 10 години не треба да оди на работа. Самото преполовувањ ена работната сила ќе има влијание на компаниите. МНогу сектори секако се и директно погодени - најмногу туристичките агенции, а туризмот ќе страда навистина. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија