19 Мај, 2024
0.0302

Од протести на нови преговори меѓу СОНК и Владата

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Конфедерацијата на слободни синдикати остана до крај на своите намери и денес го одржа протестниот марш на кој побара почитување на колективните договори, исплата на регрес за годишен одмор и зголемување на платите во јавниот сектор. Нивниот протест го поддржа и СОНК кои излегоа со свои барања за нивните членови во образовниот сектор за потоа да истакнат дека ќе продолжат со социјалниот дијалог со владата.

- Од министерката за образование и наука добивме ветување дека час поскоро, од понеделник, ќе седнеме и отворено ќе разговараме за сите проблеми кои ги имаме во дејноста образование, така што одлуката за да не започне второто полугодие треба да ја донесе орган, а во овој момент нема потреба за тоа - изјави Јаким Неделков од СОНК.

Неспорно е дека ќе има дијалог меѓу Владата и синдикатите, но во делот за образованието мојот впечаток е дека ние со мерките што ги преземаме одиме дури и пред барањата на синдикатите, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Како пример за мерки кои, рече, со задоволство биле прифатени од наставниците и професорите, е можноста што ја добиле за компензација на работни денови што ги работат во саботите со деновите помеѓу Нова година и Божик.

- Тоа беше прифатено од наставниците со задоволство бидејќи досега, и покрај тоа што тие реално немаа обврски, ги малтерирале да доаѓаат во училиште, да се потпишуваат и да седат. Сите мерки што ги правиме во рамките на реформите ќе дадат бенефит не само за учениците, туку и за наставниците. Мислам дека секој добронамерен учесник во дијалогот - дали се синдикати, пленуми или наставници, би биле задоволни од процесите коишто се почнати - изјави Дескоска по прес-конференцијата на која МОН ги презентираше новите наставни планови за прво одделение.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража